ИНФОМАКС ДОЗНАВА: Бугарите бегаат од Миленко како ѓаволот од крст

Поврзано

- Advertisement -
Инфомакс од извори блиски до продукциите Вондер Интернационал и Томато дознава дека бугарските историчари се уплашиле од учеството во емисијата на Миленко Неделковски што треба да се емитува во петок на 10-ти март.
17195186_10206969428713319_1720410264_o
Соочени со аргументите, доказите и документите што пред јавноста во Македонија ќе ги покажат стручни лица какви што се историчарите Александар Сточев и Миле Бјелајац, бугарскиот Академик Ѓеорги Марков и бугарскиот националист и првокатор Божидар Димитров во овие денови се обидуваат да најдат причина за да избегаат од соочувањето со историските вистини за злоделата на букарскиот окупатор и за време на Првата и за време на Втората светска војна на територија на Македонија.
Паранојата за наоѓање повод за неучество оди дотаму што бугарите го користат Владимир Перев, бугарофил од Скопје, кој тврди дека бугарите ќе биле нападнати и линчувани во Македонија. Еден од условите што ги барале бугарите е емисијата да оди во живо, односно да нема превод од бугарски и српски. тоа е барање за директно кршење на законите на Р. Македонија. Димитров тврдел дека пред некоја година бил излажан, наместен и монтиран од новинар од нашата земја Васко Ефтов, па затоа веќе не верувал на новинарите од Македонија.
Во изјава за Инфомакс Миленко Неделковски вели: “Од мене бегаат бугарите. Тоа е факт, иако не знам зошто. Во септември избега нивниот уличар Динко кој остана само на закани, а еве сега, според бугарските критериуми, врвни интелектуалци и академци бегаат. Взаемно за Динко, Божидар и Марков е што се закануваат, се перчат низ медиумите, кажуваат гачки – а кога ќе треба на дело да се покажат, како силеџии или интелекталци – се едно, ги нема. Бегаат. Тоа е карактерна особина на бугарите – кукавичлук“.
Изворите на Инфомакс потврдуваат дека емисијата со или без бугари ќе се емитува. Со податоци кои јавноста одaмна или воопшто ги нема видено и слушнато.
Подолго време Миленко Неделковски води своја лична борба за промоција и одбележување на скриените делови од историјата на Македонија. Вклучително и поставување спомен обележје на врвот Кајмакчалан. Според нашите информации од локалната самоуправа на Новаци која е надлежа за издавње на дозвола за поставување на спомен обележје на загинатите македонци во првата светска војна на Кајмакчалан, против оваа идеа на Неделковски бил градоначалникот на ова место Лазар Котевски.  Тој се противел да има обележје во неговата општина за луѓето што загинале откако насилно биле регрутирани во бугарската и српската војска.
- Advertisement -

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This