ИНФОМАКС ЕКСКЛУЗИВНО ОТКРИВА: Познат идeнтитeтoт на нултиот пaциeнт во Македонија зaбoлeн со кopoнавиpyс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пациенката која во 02:30 часот по полноќ помеѓу 25 и 26 февруари го поминала граничниот премин „Табановце“  е Наџије И. е нултиот пациент носител на КОВИД 19  попознат како коронавирус. Истата околу 03:00 по полноќ сама се пријавила за преглед на Инфективната клиника во Скопје со симптоми на вирусот.

 

Нултиот пациент Наџије. И. дала лажни податоци на анкетата која е задолжителна при влез во државата на патници од критичните места каде што е потврдена епидемија на коронавирусот. На прашањата одговорила дека не е болна и дека воопшто не се лечела во последните три месеци.

Полицаецот кој што ја вршел контролата е исто така ставен во изолација бидејќи за време на проверката не носел никаква заштитна опрема. Засега не е познато дали и полицаецот е заразен со КОВИД 19, а од полицијата одбиваат да дадат одговори

Тајмингот за тоа кога е примена пациенката се совпаѓа со она што го кажа министерот Венко Филипче, но она што останува нејасно е како тест чиј резултати би требало да бидат познати за најмалку два часа се криеа од јавноста цели 16 часа. Дотолку повеќе загрижува фактот што неофицијалните информации кои уште вечерта помеѓу 25 и 26 февруари ги објавија медиумите беа демантирани од министерството за здравство иако знаеле дека тестот е веќе позитивен .

Според информациите кои со јавноста ги сподели министерот пациентката која се лечи на Ифективната клиника има лесна клиничка слика нема знаци за компликации и се лекува во изолација.

Министерот информираше дека во домашна изолација се вкупно 12 лица, вклучувајќи ги и лицата кои биле во контакт со патниците во комбето кои ноќта на 26 февруари влегоа во земјата на граничниот премин Табановце.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This