Информатиката ќе биде во ист предмет со уметност и физичко воспитување?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) во писмо до МОН оценува дека со новиот концепт, наместо да се оди во насока на зајакнување на условите за реализација на воведените информатички содржини, се оди неколку чекори наназад и се брише се она што досега постигнато.

„ Дури и земјите од нашето опкружување изминативе неколку години, дел и според нашиот урнек започнаа со воведување на информатичките теми во нивните наставни планови, а само ние ќе одиме наназад. Насловот на предметот „Техника, технологија и информатика” спојува многу различни, во делови и несродни области“, се вели во писмото.

Тие реагираат што предметот информатичко-комуникациската технологија „се става во таканаречена „Група Б” задолжителни предмети, во која покрај тој предмет, се предметите од уметностите и физичкото образование“, се вели во писмото од ЗИМ.

„Апелираме да се направат напори информатиката да се изучува во континуитет од трето до деветто одделение, со особена промоција на името на предметот, како би се дал фокус и би се заинтересирале што повеќе ученици да ја изберат информатиката како нивна идна професија, пренесува Канал 5.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This