ИНФОРМАЦИОНА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА: САД влегува во информациона војна против Русија во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската владина агенција за меѓународен развој (УСАИД) е подготвена да одвои 5 милиони долари за да ја зголеми “медиумската писменост” на македонското население и да ги обучи локалните новинари. Во документот на УСАИД стои дека САД ќе им помогнат на Македонците да научат како да “разликуваат веродостојни информации од лажни”.

© AP Photo / Boris Grdanoski

Причината за започнување на новиот проект е, како што се вели е, “ширењето на дезинформациите” во регионот, кое, според Вашингтон, наводно е во корист на Русија.

Експертите велат дека се неосновани обвинувања против Москва и единствениот мотив е добивање на финансиите, како и дека вистинската цел на Проектот на УСАИД е да создаде “систем на пропаганда” на Балканот.

“Во последниве години, проширувањето на дезинформациите се интензивираше во Македонија. Моделот за таква кампања, веројатно е поддржан од Русија, а воедно и напори на недемократските режими во другите земји во регионот. За време на претходната влада, кампањата за дезинформации во Македонија стана вообичаена, направи фатална поделба во општеството и предизвика целосна конфузија и разочарување во демократските процеси и вредности како целина “, се вели во документот.

Според УСАИД, дезинформациските кампањи продолжуваат на Балканот во 2018 година, поради што е неопходно да се реализира нов проект за зајакнување на медиумската писменост македонското население.

“Европскиот совет за меѓународни односи очекува да започне нова руска кампања во 2018 година, насочена кон земјите на Балканскиот полуостров”, се вели во документот.

Според УСАИД, населението на овие земји не е способно да ги разликува вистинските информации од лажните.

Неосновани обвинувања против Русија од Запададот се користат за да се добија пари од различни програми, рече заменик-директор на Институтот за стратешки истражувања и предвидувања Никита Дањук.

“Таквите обвинувања сега се главната мисија на Западот. Тие се ефективни во рамките на информативниот простор, лажни вести, во кои фактите, аргументите и доказите не се важни, туку вести испресплетени во одредена емоционална форма. На пример, тоа се случи за време на уривањето на малезискиот авион, случајот Скрипал, истиот механизам се употреби во известувањето за потенцијални хакери и Руско мешање во изборниот процес во САД. Со ваквото делување, не само што друга држава може да нè обвини за нешто што не е направено, но тие исто така можат да имплементираат програми и да добијат сериозно финансирање за нив без реална причина “, вели Дањук.

Тој нагласи дека САД честопати користат различни истражувачки организации за промовирање на теми од интерес за Вашингтон.

“САД контролираат разни центри и некомерцијални организации. Тоа е земја која користи институции на мека моќ. Со помош на финансирање, тие можат да предложат било каков вид на истражување и што треба да е главна тема на овие истражувања “, истакна Дањук.

Важно е да се напомене дека, врз основа на информациите за грантот, реализацијата на проектот одговара на целите на надворешната политика на САД со цел да се забрза напредокот, во однос на влезот на Македонија во Европската унија и НАТО.

Проектот на УСАИД вклучува четири насоки, чија цел е, официјално, “намалување на ранливоста на политички манипулации”.

“Ова може да се постигне со зголемување на квалитетот на информации од јавен карактер и медиумската писменост на населението, зајакнување на приватната иницијатива во медиумската сфера, како и зајакнување на слободата на изразување”, се вели во документот.

Квалитетот на информациите достапни за општата јавност во Македонија ќе бидат оценуван од организации финансирани од американскиот буџет.

Медиумска писменост на населението на поранешните југословенски републики ќе се гради со помош на формални и неформални образовни програми и обука за откривање на дезинформации во медиумите.

САД, исто така, ќе се посветат на поддршка на “независни новинари”, кои ќе создадат нови, комерцијално одржливи информативни платформи во земјата.

Според мислењето на шефот на Центарот за европски истражувања, Оксана Петровска имплементација на новиот медиумски проект на Вашингтон се обидува да создаде свој систем на пропаганда во Македонија за да го забрза процесот на пристапување на поранешната југословенска република во НАТО.

Петровска, исто така, верува дека САД, со помош на УСАИД, се обидуваат да го “укинат второто гледиште во Македонија.”.

“Парите ќе служат да се изолираат медиумите, кои имаат различни гледна точка, тие да ги презентираат своите факти, информации, пропаганда, и да пишуваат новинарски коментари онакви какви што ним им одговараат. Се разбира, тука не постои објективност, бидејќи таков пристап е инхерентно субјективен. Објективноста постои само кога има различни перспективи и пристапи. И во овој случај, очигледно е дека главната идеја е дека сите информации кои доаѓаат од Русија не се вистинити, тоа е направено со цел да се предизвика штета, да им се наштети на овие земји. Не постои таква објективност “, истакна Петровска.

Пред една година, Центарот за Истражување на организиран криминал и корупција, која добива пари од Стејт департментот и американскиот милијардер Џорџ Сорос, ја обвини Русија дека се обидува да се меша во внатрешните работи на Македонија со ширење на “информации и дезинформации.”

Претходно во јули Велика Британија предупреди за ризикот од мешање на Русија на референдумот за промена на името на земјата. Извштајот на Комитетот за надворешни работи на Долниот дом на британскиот парламент изјави дека Москва “може да се обиде да ја спречи ратификацијата на договорот” меѓу Грција и Македонија, кој ќе и овозможи на поранешната југословенска република влез во НАТО. ”

Во јуни оваа година, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е посветена на решавањето на прашањето за промена на името Македонија без надворешно мешање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This