April 25, 2024, 12:10 pm

ИНФРАСТРУКТУРЕН БУМ ВО МАКЕДОНИЈА: Се гради како никогаш досега, недостасува работна сила!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е пред нов бум во патната инфраструктура. Најавена е изградба и обнова на голем број автопати, експресни, регионални и локални патни правци. Градежните компании се исправени пред сериозен предизвик, и од аспект на механизација и од аспект на работна сила, бидејќи ќе треба да се фокусираат на реализација на стотици километри. Капиталните проекти во инфраструктура се здрава основа за раст на економијата, пишува Лидер.

avtopaT INFOMAKS

-Градежништвото и натаму е еден од моторите на економскиот раст. Капиталните проекти се повеќегодишни и за нив е веќе обезбедена финансиска конструкција, што влева сигурност, вели првиот човек на Градежната комора при Сојузот на стопански комори, Роберт Хот.

Капиталните вложувања во патната инфраструктура на краток рок значат раздвижување на градежништвото и на стопанските гранки поврзани со него, а долгорочно ќе обезбедат подобра поврзаност на земјава и зголемена конкурентност на македонската економија.

-Издвојуваме значајна сума за капитални инвестиции, највисока досега, во насока на поддршка на економскиот развој, вели министерот за финансии, Кирил Миноски.

Нови патишта за подобра поврзаност

И годинава ќе се продолжува автопатската мрежа во Македонија. Ќе се градат или обновуваат над 200 километри.

Ќе финишира изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, а продолжуваат градежните работи и на трасите коишто се градат со кинески пари, а тоа се автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Автопатот кон Охрид е во должина од 57 километри и со вредност од 374 милиони евра. Вториот кон Источна Македонија е со должина од 47 километри, вреден 206 милиони евра.

Веќе се обновува автопатот од Смоквица до Гевгелија, од Куманово до Миладиновци и од Неготино до Демир Капија. Скопје – Велес е готов, годинава се почнува во обратен правец во должина од 20 километри. По Куманово – Скопје, сега се на ред 22 километра од Скопје до Куманово.

-Високиот процент на извршените работи во нискоградбата не прави среќни, бидејќи се тоа инфраструктурни, капитални објекти кои се битни за државата и населението, вели претседателот на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија, Андреа Серафимовски.

Се чека почетокот на градежната сезона за изградба и на нови експресни патишта. Планирани се три делници: Штип – Кочани, Штип – Радовиш и Ранковце – Крива Паланка. Вкупната должина е над 100 километри, а инвестицијата околу 250 милиони евра.

-Веќе е во тек изградбата на првата фаза од експресниот пат од Градско до Прилеп, годинава ќе се почне и со втората фаза од Градско до Дреново, а за третата фаза од Тројанци до Прилеп ќе распишеме тендер за градба. Ќе распишеме и тендер за проектирање за изградба на експресниот пат од Битола до граничниот премин Меџитлија, откри министерот за транспорт, Владо Мисајловски.

Во делот на регионалната патна мрежа, во моментов се работи на четири делници, а годинава се почнува со изградба или реконструкција на 37 регионални патишта со вкупна инвестиција од над 55 милиони евра. Се работи за капитални проекти од големо значење за земјава, како на пример: Гостивар – Кичево, Скопје – Македонски Брод, патот за Вевчани, Пробиштип – Крупиште, Припор – Сопиште, Неготино – Кавадарци, Куманово – Свети Николе, Берово – Виница, Делчево – Орешани – Таор, Карбинци – Зрновци – Виница, Чашка – Богомила, Нов Дојран – Фурка, Ботун – Белчишта – Велмеј, Сарај – Групчин – Тетово, Росоман – Кавадарци и многу други.

-За одржување на патната инфраструктура за годинава се планирани милијарда и шеесет милиони денари преку програмите на ЈП за државни патишта и на ЈП Македонија пат, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта,  Александар Стојанов.

Се проектираат нови автопати!

Во Македонија се проектираат нови автопати. Во моментов се работи на проектите за делниците од Гостивар до Кичево и од Скопје до Блаце.

Вкупно треба да се градат три нови автопати. Гостивар – Кичево е во должина од 42 километри. Проценетата вредност на проектот изнесува 350 милиони евра, а се планира делницата да биде готова до 2020 година.

Вториот автопат е од Скопје до Блаце во должина од 13 километри. Овој автопат е со проценета вредност од 70 милиони евра и се очекува да биде завршен до 2020 година.

Третиот автопат е на потегот Требеништа – Струга во должина од 8,5 километри. Неговата проценета вредност е 45 милиони евра и ќе се финансира со пари од ЕБОР.

Недостасува работна сила!

Крупните инфраструктурни проекти на домашен терен се причина за намалување на работата на македонските градежници во странство. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесувала 2.780.107.000 денари, односно за 26,9 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Исто така, македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 2.395.517.000 денари, за 19,4 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Веќе е предизвик да се најде добар кадар на пазарот на работна сила, особено кога е во прашање градежништвото.

-Има работа за градежниците, но се соочуваме со еден реален проблем, немаме квалификувана, мајсторска работна сила, вели градежниот бизнисмен Гордан Бошкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This