March 28, 2024, 11:48 pm

Инфyзија со два aнтибиотика е причина за cмpтта на скопјанката која ја лекуваше нeпознат лекар во домашни услови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфузија со два антибиотика од кои едниот е со силно дејство е неевидентираната терапија која фантом медицинско лице ја давало во домашни услови на пациентката чија сомнителна смрт ја објави Државниот санитарен и здравствен инспекторат а ја истражува МВР, дознава Сител.

Жената била од скопско село на 67 годишна возраст и дома ја лекувале од 21 септември до 1 октомври. По влошување на состојбата со Брза Помош била однесена во ГОБ 8ми септември. Не ни стигнала до болничка соба и починала во ходникот чекајќи ги резултатите.

Лекарот е непознат според извештајот на ДСЗИ, и тоа отвора можност за сомневање кој се оди да лекува во домашни услови. Матичните апелираат дека не секој болен е за инфузија, но и не секој може да дава ваква услуга.

-Добивавме постојано информации од пациенти кои и ние ги третиравме дека разни луѓе дали се медицински професионалци или не одат дома и третираат со инфузиона терапија која ја нема во протокол. Луѓето од немоќ или желба побрзо да оздрават се јавуваат дојдете дајте инфузија а и секој еден веќе пушта инфузија што е недозволено и недопустливо. Не секој е за инфузија, вели др. Бојан Трајковски, матичен лекар

Доктор Трајковски објаснува дека домашната посета од лекар завршува со медицинска белешка зошто бил и како го третирал пациентот. Особено вели мора да ее внимава кога и зошто е неопходно вклучување на антибиотик.

Сомнителната смрт на пациентката не сакаат да ја коментираат од ГОБ 8ми септември каде преед две недели починала при прием, бидејќи го истражува полицијата, но апелираат на постојана комуникација со матичните лекари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This