April 19, 2024, 11:21 am

ИНЦИДЕНТ ВО БАРСЕЛОНА: Со камион полн со боци со гас итал кон центарот на Барселона, полицијата отворила оган

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инцидентот се случил околу 11 часот. Камионот полн со боци со гас со голема брзина возел кон центарот на Барселона, а полицијата отворила оган во обид да го сопре, но возачот сепак не е повреден. Инцидентот на својот профил на Твитер го објави и каталонската полиција.

View image on Twitter

Interceptat per @mossos i @barcelona_GUB un camió de butà que circulava envestint vehicles i que ha accedit contradirecció a les rondes.

Весникот Лавангардија пишува дека камионот бил украден. Мажот што го возел камионот по инцидентот бил префрлен во болница, иако не бил повреден, а објавен е и неговиот идентитет. Станува збор за шведскиот државјанин Јоаким Робин Бергрен, роден во 1984 година.

„Приведовме лице со шведско државјанство“, потврди за Франс прес портпаролот на локалната полиција, па додал дека ќе биде испрашан откако ќе го проверат лекари и психијатри.

За време на брканицата по улиците на Барселона од камионот паднале неколку боци, а една од нив повредила жена. Каталонската полиција објави дека возачот оштетил и неколку автомобили.

Дописникот на Франс прес од Барселона јавува дека на лице место имало 20-тина полицајци и шест полициски возила, а на шофершајбната на камионот се гледале дупки од куршуми.

Сѐ уште не се знае дали станува збор за терористички напад, но сведоците тврдат дека возачот, по излегувањето од камионот, се однесувал необично, како под дејство на дрога.

Инцидентот го истражуваат шпанските антитерористички сили, бидејќи исламистичките терористи претходно најавија напади во Шпанија откако тамошните власти ја засилија борбата против исламските екстремисти.

Шпанската полиција отворила оган во маж кој со камион полн со боци со гас возел во спротивна насока кон центарот на Барселона, јавуваат агенциите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This