ИНЦИДЕНТ ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Турски хеликоптер вршел обиколка на грчки остров, грчката војска пукала по хеликоптерот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турски хеликоптер во понеделникот вечерта летал околу малиот источен грчки остров Ро, а областа ја напуштил откако грчките трупи истрелале неколку куршуми како предупредување, се наведува денес во грчкиот весник „Катимерини“


Инцидентот се случил вчера вечерта околу 23.30 часот, а нејасно е за кој тип на хеликоптер станува збор, пишува весникот.

Неименуван извор во Министерството за одбрана на Грција вели дека се применети сите грчки прописи, а исто така наведуваат дека министерот за одбрана Панос Каменос е во постојан контакт со шефот на Генералната воена команда и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Грција.

За инцидентот, напоменува „Катимерини“ е известен и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Извори во грчкото Министерство за одбрана велат дека ваквите инциденти се намерни, со цел манипулирање на турското јавно мислење.

Истиот извор наведува дека Грција се воздржува од било какви провокации и дека ќе одговори на акви акции во склад со меѓународните прописи.

Грчкиот весник напоменува дека во неделата два труски воени авиони влегле во Регионот на информации за летање на Атина, игнорирајќи го неформалниот мораториум за воени активности помеѓу Грција и Турција за време на големите верски празници.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This