ИНЦИДЕНТ ЗА ВРЕМЕ НА ГОВОРОТ НА ЛАВРОВ: Спротивставените сириски страни кои присуствуваат во Сочи се скараа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој зборуваше на отварањето на Конгресот за национален дијалог во Сирија кој се одржува во Сочи, го прекинаа повиците „Да живее Русија!“, што предизвика реакција од останатите опозиционери кои извикуаа пароли на арапски јазик. Министерот мораше да го прекине говорот и неколку пати ги замоли опозиционерите да се смират

Читајќи го соопштението на претседателот на Русија Владимир Путин пред делегатите на Конгресот, Лавров изјави дека би сакал и тој да каже нешто во свое име, но го прекинаа со неколку извици „Да жиее Русија! Да живее пријателството!“. Како одговор се слушнаа и повици од други групи, очигледно опозиционерски, кои не се сложиле со пријателското расположение на своите сонародници кои започнаа со нив жестока полемика на арапски.

„Драги пријатели, големо благодарам..:Драги пријатели, треба да продолжиме да работиме, ќе имаме можност да учествуваме во дискусија. Драги пријатели, би сакал во свое име да изразам…лична искрена благодарност на нашите колеги“, се обиде да ги смири делегатите и да го заврши својот говор.

Но, полемиката продолжила, и повторно се слушна „Да живее Русија!“.

„Пријатели, уште еднаш ве молам за ваше внимание. Ако „Живее Русија“ дајте ми да кажам, ве молам. Почитувани дами и господа, би сакал да изразам искрена благодарност на нашите колеги од Иран, Турција, ОН, за заедничката колективна работа на припремите на овој форум. Земајќи го во предвид овој настан без преседан, кога во иста сала присуствуваат претставници од така голем број на групи, етнички, социјални, политички на сириското општство, секако дека е ажно да се почне со тоа да се изгради взаемна доверба, поради начинот на заедничка работа“, изјави рускиот министер.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This