Авиони на американското воздухопловство отвориле сигнален оган во воздушниот простор на Сирија на руските јуршни авиони СУ-25, пренесува „Индепендент“
Според неименуван американски претставник, американските ловци Ф-22 истрелале неколку предупредувачки куршуми откако Руските авиони СУ-25 ја прекршиле договорената зона на летање направена со цел да се избегнат ненамерни инциденти.
Прес-центарот на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопштува дека на небото над СИрија во средата дошло до приближување на руски и американски авиони, но во тоа немало ништо невообичаено.
Според неговите зборови, такви ситуации понекогаш се случуваат „неколку пати дневно“ и во нив „нема ништо невообичаено“.
Претставникот на Пентагон не дал повќе детали за случката.