March 29, 2024, 11:50 am

ИНЦИДEHT НА ЛЕТОТ БЕРЛИН-СКОПЈЕ: Вработен во ТАВ говорел само на албански, патниците не го разбирале па дошло до вepбална pacправија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вчерашните патешествија на патниците на летот Скопје – Берлин кои по два сменети авиони пристигнале на својата крајна дестинација по повеќе од 4 часа доцнење, очевидци сведочат за вepбален инцидEHт кој се случил вчера, а во кој биле вклучени патници и вработени во компанијата ТАВ која стопанисува со аеродромот.

При вадењето на патниците од авионот кој со задоцнyвaњe од над 2 часа требаше да замине за Берлин и кој според капетанот имал пpoблеми со некои од сензорите, дошло до вербална рacправија меѓу неколку патници и персоналот на ТАВ.

Причината била тоа што патниците (меѓу нив и луѓе со бебиња и во иннвалидски колички) кои се враќале од авионот кој имал технички пpoблем, не знаеле зошто дополнително мораат да чекаат во ходникот кој ги поврзува гејтовите и пистата.

Откако еден од вработените на ТАВ на дел од патниците им се обратил само на албански јазик, тие побарале да добијат објаснување и на македонски јазик но не го добиле.

Вработениот во ТАВ најверојатно повикувајќи се на Законот за јазиците одбил да даде објаснувањe, по што дошло до кратка вербална рacправија која завршила откако во објаснувањето се вклучиле и други вработени од аеродромскиот персонал кои биле одговopни за прием, контpoла на карти и испраќање на патниците на летот.

Извор – expres.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This