April 16, 2024, 10:54 pm

ИРАК ДА ЈА ПОЧИТУВА СЛОБОДАТА НА ОРГАНИЗИРАЊЕ СОБИРИ: Странските претставници ги осудија ирачките безбедносни сили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Странските претставници бараат Ирак да ја почитува слободата на организирање собири и правото на мирни протести.

 

 

Дипломатски претставници од 16 земји во Ирак, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Франција, ја осудија употребата на прекумерна сила од страна на ирачките безбедносни сили против демонстрантите и побараа темелна истрага за смртта на стотиците убиени од почетокот на октомвриските демонстрации.

-И покрај уверувањата од властите, безбедносните сили и вооружените групи продолжуваат да користат боева муниција, што резултира со убиство и ранување голем број луѓе. Во исто време, некои демонстранти се злоупотребени, а некои киднапирани”, се вели во соопштението по настаните во Багдад, Насирија и Басра.

Странските претставници бараат Ирак да ја почитува слободата на организирање собири и правото на мирни протести.

Од Багдад е побарано да „гарантира веродостојна истрага и одговорност за смртта на околу 500 луѓе и на околу илјада ранети од 1 октомври”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This