ИРАН ГО ПОТВРДИ НАПАДОТ: Исламската револуционерна гарда се заканува со нови напади доколку САД не се повлечат од Ирак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исламската Револуцинерна Гарда потврди дека истреланите балистички ракети кои погодија една база на САД во Ирак и неколку објекти на американската војска, нарекувајќи го „одмазда за убиството на генералот Касем Сулејмани“ предупредувајќи дека ќе следат повеќе напади

„Храбрите војници на ИРГ од аеронаутичката единица лансираа успешен напад со десетици балистички ракети врз базата Ал-Асад“, велат од ИРГ, во името на Генерал Сулејмани, додаваат во соопштение испратено до јавноста.

Ги повикуваме Американците да ги повлечат нивните војници дома за да превенираат дополнителна штета, додаваат од Исламската револуционерна гарда на Иран.

ИРГ исто така ги предурпеди сојузниците на САД во регионот дека ќе бидат таргетирани ако од нивна територија се превземаат агресивни активности против Иран, ставајќи ги Кувајт, Бахраин, Саудиска Арабија, Јордан и Израел на нишан.

Иран се закани со „силна одмазда“ по убиството на генералот Касам Сулејмани, лидер на Исламската револуционерна гарда кој беше ликвидиран во напад со беспилотно летало во четвртокот во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.

Нападот врз американската база Ал-Асад и уште неколку други објекти на американската војска се случија во 1.20 (во исто време кога беше убиен Касам Сулејмани) по локално време, а втор бараж во 3.30 часот по локално време.

Трамп ги отфрли плановите за повлекување на американски сили од Ирак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This