ИРАН НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ЗАКАНИТЕ: Иран ќе го зголеми производството на збогатен ураниум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иран започна со прелиминарни работи на инфраструктурата за напредни центрифуги, потврди Организацијата за атомска енергија на земјата. Најавата доаѓа откако Техеран повторно ја активираше програмата за збогатување ураниум.


Проектот за инфраструктура се спроведува во објект во Натанц. Иран, исто така, планира да го зголеми производството на UF6, гас потребен за производство на гориво за нуклеарни реактори и оружје. Но, нуклеарните активности на земјата ќе останат во рамките на нуклеарната програма и договорот од 2015 година, изјави Али Акбар Салехи, директор на Иранската организација за атомска енергија (АЕОИ).

Портпаролот на организацијата изјави дека Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), која ја надгледува согласност на Иран со договорот за JCPOA од 2015 година, ќе биде известена за активностите на Иран.

“Во писмото што ќе му го предаде на Меѓународната агенција за атомска енергија … Иран ќе објави дека процесот на зголемување на капацитетот за производство … UF6 (ураниум хексафлуорид) … ќе започне за неколку дена”, рече тој.

Портпаролот соопшти дека тоа е направено по наредба на иранскиот Врховен лидер ајатолахот Али Комеини, кој во говорот во понеделникот рече дека AEOI мора веднаш да се подготви за започнување процесот на збогатувањето на ураниум “до ниво од 190.000 SWU засега во рамките на договорот JCPOA (Заедничкиот сеопфатен план за акција). ”

SWU или “сепаративна работна единица” е стандардна мерка за напорот потребен за одделување на изотопите на ураниум за време на процесот на збогатување. 1 SWU е еднакво на 1 кг напор.

Претходно, иранската агенција за атомска енергија процени дека нејзиниот капацитет за збогатување ќе достигне 190.000 SWUs до 15-тата година откако договорот стапи восила. За таа цел, Иран планира постепено да го зголеми бројот на центрифуги, додека останува во рамките на договорот.

Во изјавата за ИСНА, Камалванди истакна дека, со зголемување на својата нуклеарна програма, Иран не сака да развива нуклеарно оружје. “Нашите цели не се создавање на нуклеарно оружје, тоа е против нашиот верски став”.
.

По излегувањето на САД од договорот на 8-ми мај, другите страни во историскиот договор, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија и Германија, ветија дека ќе се придржуваат кон договорот, и покрај повлекувањето од САД. Меѓутоа, европските земји го следеа водството на Вашингтон, барајќи иранската ракетна програма и нејзиниот регионален став да бидат дел од какви било идни преговори за безбедносната рамка по постигнувањето на договорот. Иран жестоко одби да ја приврзе својата програма за балистички ракети, која не беше дел од оригиналниот договор, и ја повика Европа да надомести за влијанието на санкциите на САД на нивната економија. Во понеделникот Хоимеино рече дека Европа не треба да очекува од Техеран да се придржува на договорот ако не прави ништо со цел намалување на товарот на казнените мерки што доаѓаат на патот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This