Иран потврди: Сателитското наведување било активно при атентатот на научникот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„За убиството на Фахризаде користените се современи електронски средства“, го цитира агенцијата Fars портпаролот Шариф. Додал дека „Израелците многу добро се свесни дека нивните постапки нема да останат без одговор“.

Убиството на водечкиот ирански нуклеарен физичар Мохсен Фахризадех во атентатот од 27-ми ноември крај Техеран бил организиран со употреба на современи електронски средства со сателитско наведување, изјави во неделата портпаролот на елитните ирански воени единици Корпусот на гардата на исламската револуција, Рамезан Шариф.

Претходно седмицава телевизијата Ал Алам објави дека убиството Фахризадех биле извршено со автоматско огнено оружје, кое било наведувано од сателит. Во средата портпаролот на иранската влада, Али Рабија, објави дека иранското разузнавање успеало да открие кој стои зад убиството на нуклеарниот физичар и шеф на научниот одел во иранското министерство за одбрана, кого Западот го сметаше за главен научник во развојот на иранската нуклеарна програма.

„Министерството за разузнавње на Иран ги идентификуваше инволвираните лица. Во моментов се проучуваат сите аспекти. Веднаш штом ќе заврши тој процес, ќе биде разработена и соодветна реакција“, изјави Рабија за новинска агенција.

Мохсен Фахризадех почина во болница од здобиените повреди во атентатот изведен на 27-ми ноември во градот Абсард, во округот Дамаванд во покраината на главниот град Техеран. Иранското министерство за одбрана потврди дека убиениот научник бил шеф на одделот за истражување и иновации, а претседателот на иранскиот парламент, Мохамад-Багер Галибаф прецизираше дека убиениот бил и заменик министер за одбрана.

Иран ја потврди верзијата за сателитско наведување при атентантот врз нуклеарниот научник

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This