April 26, 2024, 10:13 pm

ИРАН “ПО ГРЕШКА” ГО СОБОРИЛ УКРАИНСКИОТ АВИОН ШТО СЕ УPНА ВО ТЕХЕРАН: Американските влacти веруваат дека боинг 737-800 бил погоден од paкета

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иран по грешка го соборил украинскиот авион што се урна во средата во близина на Техеран со 176 лица во него, јавуваат американските медиуми. „Нелогични шпекулации“, одговори Иран.

 

 

 

 

 

Американските власти веруваат дека украинскиот боинг 737-800 бил погоден од ракета, јави Си-би-ес.

Украина претходно соопшти дека испитува дали авионот е соборен со ракета – но Иран го отфрли ова.

Несреќата се случи само неколку часа откако Иран изврши ракетни напади врз две воздушни бази во кои беа сместени американските сили во Ирак.

Си-би-ес њуз, цитирајќи ги американски разузнавачи, соопшти дека сателит открил инфрацрвени прикази на цели на две ракетни лансирања, проследени со еден приказ на експлозија.

Во меѓувреме, Њузвик го пренесе Пентагон и високи американски разузнавачи, како и ирачки разузнавачи, кои рекоа дека украинскиот авион бил погоден со ракета Тор од руско производство.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска рече дека „има сомневања“ во врска со авионот. „Некој можеби погрешил“, рече тој.

Во екот на тензиите предизвикани од убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани на 3 јануари, Иран соопшти дека нема да им ги предаде црни кутии ниту на Боинг, производителот на авионот, ниту на САД.

Според светските правила за авијација, Иран има право да ја води истрагата, но производителите обично учествуваат во неа.

Иранските власти ги негираа медиумските стории дека украинскиот боинг бил погоден од ракета над Техеран, оквалификувајќи ги како „нелогични шпекулации“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This