Иран ќе преземе реципрочни мерки на забраната на САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реципрочната реакција на Иран на американската забрана за влез на ирански државјани во САД нема да важи ретроактивно, за разлика од соодветната политика на Вашингтон, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

iran-1-640x294

– Сите оние кои поседувата валидни ирански визи се добредојдени, напиша Зариф на Твитер.

– Иако ги почитува Американците и прави разлика меѓу нив и странската американска политика, Иран ќе преземе реципрочни мерки за заштита на неговите граѓани, додаде тој.

Техеран остро реагира на указот што го потпиша Доналд Трамп, со кој за период од три месеци им се забранува влез на државјани од седум муслимански земји: Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен. Забраната засега голлем број Иранци со роднини во САД и тие нема да имаат можмност да ги посетат за муслиманската Нова година во март. Со указот се замрзнува за четири месеци приемот на бегалци во САД.

И Ирак реагираше на забраната и оваа земја планира да лобира против мерките на Трамп, нагласувајќи дека двете земји треба да го задржат сојузот против групацијата Исламска држава, изјавија двајца членови на ирачкиот Парламент.

Претставниците на Парламентот на Ирак изјавија дека нивната земја треба да одговори со слични мерки против САД.

Засега ирачката Влада одби да го коментира указот на Трамп. Во Ирак се распоредени над пет илјади американски војници за да им помагаат на ирачките и курдските сили во војната против ИД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This