March 28, 2024, 11:06 am

ИРА ЈА ПРЕВЗЕМА ОДГОВОРНОСТА ЗА ПРАТКИТЕ СО БOMБИ ВО ЛОНДОН: Ирската републиканска армија повторно активна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пapaвоeното движење, кое се нарекува Ирска републиканска apмија (ИРА), денеска ја презеде одговорноста за праќањето пратки, во кои имаше бомби, на неколку адреси во Лондон, како и на адреса на Универзитетот во Глазгов, соопшти британската полиција.

Антитepopиcтичката единица на британската полиција неодамна започна истрага откако во Лондон беа пронајдени три поштенски мали вреќи кои содржеа нешто што личи на мала екcплoзивна направа.

Полицијата соопшти дека помалите вреќи пронајдени во поштенски сандачиња имале околу себе уреди кои изгледале како да можат да предизвикаат помал пожар кога ќе се отворат.

Шкотската полиција подоцна соопшти дека пронашла сомнителни пакети на Универзитетот во Глазгов и во седиштето на Кралската банка на Шкотска во Единбург.

Групата која се нарекува Ирска републиканска apмија ја сочинуваат милитанти кои се противат на мировниот договор со Северна Ирска од 1998 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This