ИРЕДЕНТИЗАМ ВО ЕУ: Претседателот на Европскиот парламент ги нарече Истра и Далмација италјански!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани ги разбесни хрватите и словенците, бидејќи за време на церемонијата за одбележувањето на Денот на сеќавање на италијанска Базовица, Истра и Далмација ги нарече италијански.

-Да живее Трст, да живее италијанска Истра, да живее италијанска Далмација, рече Тајани во говорот по повод Денот на сеќавање на жртвите на егзодусот од Истра, Ријека и Далмација, пренесува загребски Индекс.
Тој на својот Фејсбук профил објави и видео од церемонијата во кое рекол дека денес им оддава почит на жртвите од омразата спрема Италијанците, “оние кои на униформите имале црвена ѕвезда” и додал дека во Европскиот парламент ќе потсети на “трагедијата поврзана со Трст”.

Тој рекол дека и Трст го симболизира националниот идентитет на Италијанците, како и дека во тој град многу пателе иако биле присилени да го напуштат подрачјето во кое живеат.

– На крај, благодарение на вистината и правдата, победиле и затоа денес го славиме споменот на тие страшни години и се надеваме дека ова веќе никогаш нема да се случи. Успеавме да избегнеме засекогаш да се изгаси светлото над случувањата во Трст, рекол Тајани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This