ИРЕНА ПОПОВА: Петре Шилегов кој година дена е градоначалник нема преземено ништо во насока на подобрување на квалитетот на воздухот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воздухот во Скопје станува се позагаден, светските медиуми известуваат  за Скопје и Македонија како подрачје каде загаденоста  на воздухот е најголема во Европа. Петре Шилегов кој година дена е градоначалник нема преземено ништо во насока на подобрување на квалитетот на воздухот.

Подолг период не функционираат мерните станици во Гази Баба и Лисиче, а мерната станица во Ѓорче откако покажа енормно ниво на загаденост беше изгасена. Власта наоѓа пари за луксузирање, скапи цвеќиња, кафе и лубриканти, но нема пари кога  станува збор за поправка на мерните станици, изјави Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје и додаде:

„Шилегов и Министерството за животна средина да не наоѓаат изговори и во најбрз можен рок да извршат сервисирање и поправка на расипаните мерни станици. Обврска на власта, а право на граѓаните е да знаат за квалитетот на  воздухот кој го дишаат. Граѓаните не смее да бидат  држени во незнаење и мрак во однос на животната средина и воздухот кој го вдишуваат. СДСМ не смее да си поигрува со здравјето на граѓаните.“

-Шилегов и СДСМ ги изманипулираа граѓаните, едно од главните предизборни ветувања на градоначалникот беше чист воздух и чиста животна  средина. На страница 7 од програмата на Петре Шилегов за  локалните избори која ја  нарекоа „живот за сите“,  напишаа: – „Наш приоритет е подобрувањето на квалитетот на воздухот, а со самото тоа и квалитетот на животот за сите. Во градот ги носиме најреволуционерните патенти за прочистување на воздухот на денешнината, применети во најзагадените градови во светот, каков што е, на пример, градот Пекинг.“ – Една година подоцна ништо од почистиот воздух  и ништо од револуционерните решенија. Една година како Шилегов е градоначалник, а тој нема преземено ниту една мерка за справување со загадувањето, а не пак нешто револуционерно како што ветуваа. СДСМ и Шилегов ги излажаа скопјани и тоа за најчувствителното прашање, токму затоа треба  да си замине, потенцираше Попова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This