ИРОНИЧНА „ПОМОШ“ ОД СТРАНСТВО: Со државни пари и странска помош СДСМ ќе ги убедува граѓаните да се самоукинат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Огромни суми на пари од буџетот на државата ќе биде алоцирани за малициозната кампања за референдумот со цел да се убедат граѓаните да излезат на гласање и да се самоукинат.

Партискиот мегафон ,,Слободен Печат’’ објавува неофицијални информации дека во пропагандата за референдумот за промена на името ќе учествуваат британски и американски експерти, кои на граѓаните ќе ги убедуваат за придобивките кои ќе ги имаат од ЕУ и НАТО. Не станува збор за невкусна шега, Британците кои одлучија да ја напуштат Европската Унија ќе ги убедуваат граѓаните за нејзините придобивки. Во кампањата ќе учествуваат и пратениците, а сега е јасно и зошто на Владата и беше потребна толкава ПР служба, бидејќи токму таа ќе ги координира сите домашни и странски пропагандисти. За иронијата да биде уште поголема за сето ова ќе платат граѓаните од својот џеб.

Неофицијалните информации на Слободен Печат велат дека меѓу стручњаците од Британија кои ќе бидат задолжени за пропаганда, ќе биде и близок соработник на Тереза Меј, премиерката која во моментов го спроведува Брегзит. Пропагандата ќе биде насекаде, телевизија, билборди, социјални мрежи, така да нашиот портал препорачува кога и да видите вакво нешто да ја свртите главата на другата страна за да им го покажете средниот прст на странските перачи на мозок. Слободен Печат ја потврдува и информацијата дека Дуа Липа навистина ќе агитира за референдумот, бидејќи во рамки на кампањата се планираат и музички ,,хепенинзи’’.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This