ИРОНИЈАТА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА СДСМ: Власта бара ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни, додека истовремено Талат не дозволува Мицкоски да говори во Собранието!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта продолжува со фудбалски речник да прави фаули во сопствениот шеснаесетник креирајќи ситуации каде опозицијата слободно шутира пенали. Токму таков е случајот со последната прес конференција на Костадин Костадинов на која неколку деца спроведоа герила акција со транспаренти од кои еден од нив гласеше ,,Заев аболициран криминалец’’.

Но тоа не е се во текстот од прес конференцијата пратеникот на СДСМ, Костадинов бара од ВМРО-ДПМНЕ веднаш да се изјасни дале е за ЕУ и НАТО. Меѓутоа целата ова ситуација има огромна доза на иронија имајќи во предвид дека токму денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара од Талат Џафери право да говори на една од наредните собраниски седници за промена на името.

Ваквото барање на лидерот на опозицијата беше експресно одбиено, а само неколку часа после тоа следуваше барањето на СДСМ за изјаснување и став од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Хипокризијата веројатно е една од главните одлики на владата на Заев, а политиката трчи лажи, модус операнди. На Костадинов устата пења му фати говорејќи како опозицијата бара амнестија, за на крај и Заев и Шекеринска отворено и јавно да дадат непристоен предлог, односно да понудат амнестија во замена за гласот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени.

Да се потсетиме и на изјавите на Заев дека нема промена на Уставот и уставното име во спорот со Грција како и низата други лаги и неисполнети ветувања, како 500 евра просечна плата, 100 илјади денари плата за докторите итн. За жал кариерата на Костадинов како гласноговорник на хунтата ќе заврши неславно поради константните лаги кои му ги пишуваат во центарот за комуникации на СДСМ и демантите кои што следуваат од неговиот партиски шеф, новопрогласениот цар од Муртино.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This