April 18, 2024, 10:00 am

ИСИС КОМАНДУВА СО АВИОНИТЕ НА САД: Американски авиони денес убиле 62 Сириски војници за да овозможат напад на ИСИС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руското министерство за одбрана потврди дека позициите на Сириската армија биле нападнати од два Ф-16 борбени авиони и два А-10 авиони за копнена поддршка од коалицијата предводена од САД

f16usa

„Денес во 17.00-17.50 часот по Московско време, меѓународната коалиција за борба против ИСИС предводена од САД изврши напад врз Сириските владини сили, кои беа обиколени од ИСИС во близина на Деир ез Зор. Авионите на коалицијата влегле во Сирискиот воздушен простор кај границата со Ирак“, рекол Генерал Мајор Игор Конашенков.

Претходно, Генералштабот на Сириската војска обвините дека коалицијата предовдена од САД ги бомбардира сириските воени сили.

Како резултат на нападот, 62 сириски војници се убиени и преку 100 се повредени, според информациите добиени од Сириската команда во Деир ез-Зор.

Руското министерство за одбрана излезе со соопштение во кое информираат за нападот на ИСИС, кои тргнал веднаш по бомбардирањето на Сириските воени сили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This