March 28, 2024, 11:27 pm

ИСИС ЈА ПОЗДРАВИ НАМЕРАТА НА ЗАЕВ: Најопасната терористичка група ИСИС, го поздрави законот за амнестија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десетина членови и активисти на терористичката организација Исламска Држава, кои што беа осудени на затворски казни и активности за поддршка на Исламската држава (ИСИС), го поздравуваат Законот за амнестија прифатен од владата на 22 септември

Најголем дел од нив се уапсени во полициската акција „Ќелија“ во август 2015 година. Во овој случај, 11 лица беа обвинети за делото „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ од чл.322 а од Кривичниот законик.

Најголемата казна во пресудата изречена лани во август беше пресудена за имамот од скопската Тутунсуз Џамија, Реџеп Мемиши, кој треба да биде седум години во затвор, а пет членови на ИСИС кои се државјани на Македонија, беа осудени на 60 и 66 месеци затвор.

Со оглед на тоа што со Законот за амнестија се предвидува намалување на казната за една третина, тие што се осудени на казна затвор од пет години автоматски ќе добијат намалување од 20 месеци.
Со досега одлежана казна од 24 месеци, во која се смета и притворот или одлежани над две третини од казната, тие веќе имаат право да бараат помилување или намалување на казната со што теоретски можат да излезат веднаш или да почекаат уште неколку месеци пред да бидат со своите семејства.
За време на судењето нивните адвокати тврдеа дека обвинението не било прецизно и дека нема конкретно наведено за која паравоена формација се бореле осомничените во Сирија.
Според обвинителството, прифаќањето на вината на 6 осомничени е факт кој покажува дека постојат цврсти докази.
Обвинителсвото тогаш тврдеше дека има 1.167 материјални докази според кои заклучиле дека осомничените поделени во три групи, регрутирале, организирале и праќале луѓе во конфликтот во Сирија.
Осудените членови на ИСИС во Македонија го поздравуваат законот пред се поради тоа што тие не се дел од исклучоците за кои што амнестијата нема да важи.
Според предлог законот, амнестијата не се однесува на лицата осудени: – на казна доживотен затвор; – за кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик; – кривични дела против избори и гласање (член 158-165-в) од Кривичниот законик; – за кривични дела против половата слобода и половиот морал и тоа: (член 186, член 187, член 188, член 189, член 191, член 191-а, член 193, член 193-а, член 193-б и член 194) од Кривичниот законик; – за кривични дела против државата (член 305-327) од Кривичниот законик; – за кривични дела злосторничко здружување (член 394-394-г), од Кривичниот законик; – за кривичните дела против човечноста и меѓународното право (член 403- 418-а и од 418-в до 422) од од Кривичниот законик.

 

Во исклучоците не се наведени делата за кои што беа усудени членовите на ИСИС што значи дека тие ќе можат предвреме да излезат од затвор.

Ниту еден од обвинетите и осудените членови на ИСИС во земјава, за време на процесот не се покајал за своите дела, ниту пак изразил жалење што нивната активност придонесла за одземање на животи во конфликтните подрачја во Сирија и Ирак каде што најчесто ги упатувале борците на Исламската држава од Македонија, Косово и Албанија.

Во извештај на Балканската истражувачка мрежа за состојбата со исламскиот радикализам во јули беше објавено дека осудените лица во македонските затвори вршат отворена пропаганда и преку социјалните мрежи регрутираат борци за ИСИС.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This