March 28, 2024, 10:37 am

Ископал тунел од спалната до барoт, за да избега од сопругата што ‘рчи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маж ископал подземен тунел од домот до локалниот бар, кој се наоѓал на 800 метри оддалеченост. Идејата ја добил откако го изгледал „Бегство од Шошенк“. Тунелот го копал цели 15 години.

Целата работа излегла на виделина кога Петси Кер, водоинсталатер од Ома, Ирска, бил повикан на суд, заштоја пукнал канализационата цевка под куќата на соседите. Пред судијата, тој отворено раскажал сè во врска со неговиот таен тунел, но и причините што го натерале на тоа.

Мојата жена има проблеми со ‘рчењето. Откако го изгледав филмот, во 1994, решив да преземам нешто околу тоа, па почнав да копам дупка под креветот во правец на пабот. Ги користев сите можни алати, од лажичка, па до бушилица за тунели, која успеав да ја внесам во дупката додека жена ми беше на купување. Дури во 2009 успеав да излезам на другата страна, и тоа во женскиот тоалет во оставата на барот, изјави Петси.

Последните пет години, Петси секоја вечер одел во пабот во 11 часот навечер, а се враќал во 1 по полноќ. Неговата жена немала претстава што прави нејзиниот маж кога таа заспива.

Да бидам искрен, драго ми е што сум откриен. Жена ми секое утро чувствуваше дека мирисам на алкохол, а јас ја убедував дека тоа ми е природниот мирис. Беше само прашање на време кога некој ќе ме фати. Сопственикот на барот секогаш се прашуваше како доаѓам од никаде во исто време, и како исчезнувам низ женскиот тоалет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This