Рударската компанија „Дебсвана“ објави дека ископала дијамант од 1.098 карати во Боцвана.
Компанијата му го покажала дијамантот миниран на 1 јуни на претседателот на Боцвана, Мокветски Масиси, во главниот град Габороне, објави денеска „Гардијан“.
„Се верува дека ова е третиот најголем дијамант во светот“, рече директорката на Дебсвана, Линет Амстронг.
Дебсвана е рударска компанија со седиште во Боцвана и една од водечките светски производители на дијаманти по вредност.
Дебсвана работи со четири рудници за дијаманти во Боцвана, како и рудник за јаглен.
“Овој редок и извонреден камен значи многу за контекстот на дијамантите и Боцвана. Дава надеж на нација која се бори”, рече Армстронг.
Ова е исто така најголемиот скапоцен камен откриен во историјата на оваа компанија, во заеднички проект на владата и глобалната групација „Де Берс“, која е меѓународна корпорација специјализирана за вадење, експлоатација, трговија на мало и трговија со дијаманти, пренесе Танјуг .
Најголемиот откриен дијамант досега има 3.106 карати и е пронајден во Јужна Африка во 1905 година, а вториот бил 1.109, откриен во североисточна Боцвана во 2015 година.