April 27, 2024, 12:26 am

ИСКРШЕНИ ШТАБОВИ, ДЕЛЕЊЕ ПАРИ ЗА ГЛАСОВИ: Изборниот молк започна со делење пари на гласачи и кршење на штабови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

М.С. од село Корешница-Демир Капија во Полициската станица Неготино пријавил дека С.Б. (43) од село Корешница му понудил пари за да гласа за еден од кандидатите за градоначалник на Демир Капија.

Полицијата информира дека во врска со пријавениот настан, во Полициска станица Неготино заради прибирање на информации се повикани неколку лица.

Известени се и јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и од Основното јавно обвинителство Велес, кои дале насоки по комплетирање на случајот да се поднесе соодветен поднесок до Основно јавно обвинителство Велес со целокупната документација.

Еден час по започнувањето на изборниот молк бил искршен штаб на политичка партија, информираат од МВР.

На 14.10.2017 околу 00,55 часот, А.Б. пријавил дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, непознат сторител со бекатон плочка скршил прозорско стакло од штаб на политичка партија, информираат од МВР.

Во текот на ноќта во Струмица на повеќе локации беа забележани лица кои делат брашно, зејтин и пари, додека полиција во цивил легитимирала и заплашувала гласачи. За овој случај МВР нема преземено никакви дејствија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This