April 26, 2024, 11:42 am

Исланд ce пoдгoтвyвa зa мoжнa вyлkaнcкa epyпциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојат „силни знаци“ дека во наредните денови може да дојде до вулканска ерупција, поради постојана сеизмичка активност на планината Кеилир, 30 километри од Рејкјавик, јавија исландските медиуми.

– Ерупцијата сè уште не е започната, но се работи за активност што и претходи на ерупција, рече Кристин Јонсдотир од исландската метеоролошка служба.

Видир Рејниисон од исландската цивилна заштита изјави дека ова ќе биде прва ерупција на тоа подрачје од 12 век. Тој додаде дека не се очекува „катастрофа“, и но оти луѓето ќе можат да живеат нормално. Сепак, тој предупреди дека не треба да се оди во областа на планината.

Во последната недела се регистрирани илјадници земјотреси, се проценува дека имало дури 10.000, а некои биле со јачина до пет степени според Рихтеровата скала.

Геофизичарот Фрајстин Сигмундсон рече дека во случај на ерупција не очекува експлозија на лава, туку оти поверојатно е да се појави таканаречена ерупција на пукнатина, во која лавата полека излегува низ пукнатина во земјата. Тој не очекува дека ќе се испушти голема количина пепел во атмосферата, што може да го загрози воздушниот сообраќај.

Сепак, тој би можел да биде загрозено само на аеродромот Кефлавик, кој е оддалечен околу 20 километри од планината. Исто така, лавата може да ги загрози патиштата што водат до тој аеродром.

Исланд е најголемиот и најактивен вулкански регион во Европа, со ерупции во просек на секои пет години. Последната беше во 2014-2015 година, во ненаселена зона во источниот дел на земјата.

Но, многу попозната е ерупцијата Ејафјалајокул, во јужниот дел на земјата, во 2010 година.

Неговиот облак доведе до најголемо нарушување на воздушниот сообраќај и го парализира европското небо речиси еден месец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This