April 23, 2024, 10:04 am

Исмејувана девојка ослабе 63 килограми за една година за да го носи фустанот од соништата на матурата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Девојка целосно си го промени начинот на живот и изгледот поттикната од желбата да го носи фустанот од соништата на својата матура. 18-годишната Австралијка која некогаш тежела 127 кг, сега има 60 кг и се обидува да инспирира и други лица да го следат нејзиниот пример, бидејќи „секој заслужува да биде среќен“.

Пред две години, Џоси Десгранд тежела 127 килограми и честопати била исмејувана поради тежината, што ѝ ја намалило самодовербата. Таа се чувствувала најлошо кога ги гледала фотографиите на слабите и среќни модели на Instagram.

Еден ден, смелата девојка одлучила да преземе екстремни чекори за воспоставување подобар животен стил и добивање на фигурата која долго време ја посакувала.

„Отидов во мојата соба и се соблеков по долна облека. Си реков: ‘Нема повеќе да бидам дебелата Џоси’. Се фотографирав од различни агли, возбудена поради моето следно патување кон послаба фигура. Ги запишав моите димензии, знаејќи дека патот пред мене е долг, но сакав да ја запишувам секоја промена, независно колку е мала“ – рекла таа.

Џоси целосно го стопирала консумирањето шеќер, го намалила вносот на јаглехидрати, а го зголемила вносот на вода. Исхраната во најголема мера ѝ се состоела од зеленчуци и месо, а овошје консумирала само три парчиња неделно.

Само во првите 12 месеци од трансформацијата, Џоси намалила 63 килограми и ја постигнала својата цел да го облече фустанот од соништата за матурата.

„Никогаш повеќе во мојот живот не сакам да допрам чоколадо! Тоа е мојот избор. Да живеам здрав начин на живот е најдобрата одлука која некогаш сум ја направила. Со 60 килограми помалку се чувствувам неверојатно“ – вели 18-годишната девојка.

Уште од почетокот на трансформацијата, мотивираната девојка започнала да објавува фотографии од прогресот на Instagram и брзо изградила мрежа од илјадници следбеници. Тоа ја мотивирало уште повеќе.

„Луѓе од целиот свет ме следеа на моето патување, па никогаш не помислив да се откажам“ – рекла таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This