ИСПЕРЕТЕ ЈА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ АЛИШТА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веројатно, на малкумина им текнало дека и машината за перење треба да се исчисти, бидејќи на тој начин уште подобро ќе ја пере облеката.

kako-da-ja-iscistite-masinata-za-perenje-01

Исто така, со чистењето на машината не доаѓа до таложење на отпадоци во внатрешноста на филтерот.

Исклучете ја машината од струја.

За да ја измиете од надворешна страна потребна ви е памучна крпа натопена во млака вода. Доколку тоа не е доволно во водата додајте малку детергент за садови.

Внатрешното перење на машината зависи од тоа дали е `рѓосана, затната со влакна или од неа се шири некој непријатен мирис.

За секој случај, постои решение за сите тие проблеми.

Проблем со непријатен мирис:

Вклучете ја машината на програма за плакнење. Во водата додајте две чаши алкохолен оцет и две чаши варикина. Кога ќе заврши вклучете ја повторно, но овој пат само со вода.

Проблем со насобрани влакна:

Доколку имате домашно милениче, веројатно ќе имате влакна насекаде низ домот, па и на облеката, а со тоа и во машината за перење. За да го решите овој проблем,. По завршеното перење оставете ја вратата отворена. На тој начин барабанот ќе се исуши, а вие со правосмукалка може да ги соберете останатите влакна.

За вашата машина да биде навистина чиста, веднаш по завршувањето на перењето извадете ја облеката. Доколку ја оставите навечер може да ви мувлоса или да се наполни со бактерии.

По вадењето на облеката, вратата оставете ја отворена. На овој начин воздухот во неа постојано ќе биде свеж и ќе се намали можноста за појава на непријатни мириси.

По вадењето на облеката од машината, задолжително исчистете ја гумата ан вратата. Под гумата многу често може да се насоберат ситни валкани остатоци кои во допир со водата може да создадат непријатен мирис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This