April 19, 2024, 10:45 am

ИСПЛАШЕНИ И МИЗЕРНИ: Саша Богдановиќ – Српче се плаши да се соочи со Дејан Јовановски, па ги фрла поттрчковците од советот во оган!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со мизерни потези започнаа активностите во кампањата на општина Центар на кандидатот за градоначалник од СДС Саша Богдановиѓ – Српче, кој во недостаток на храброст ги користи советниците поттрчковци за преку лаги и манипулации да се обиде да го оцрни противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Јовановски

Во недостиг на храброст, Саша Богдановиќ – Српче денес издал налог до неговите поттрчковци во советот на општина Центар, на Фејсбук да го напаѓаат противкандидатот Дејан Јовановски, инаку почитуван спортски работник и кошаркарски репрезентативец.

Поттрчкото на Српче во советот на Центар, Емил Рајковиќ преку фејсбук статус денес се обиде да лаже за катастрофалната состојба во која се наоѓа КК „Работнички“, и вината за тоа да ја префрли врз Јовановски. Вистината е дека, од доаѓањето на Жерновски на чело на општина Центар (инаку генерален спонзор на КК „Работнички“) клубот западна во очај, откако Жерновски парите за клубот ги потроши за неважни проекти како гостувањето на Стив Аоки, кое никогаш не се случи.

Бидејќи храброста, достоинството, добрите менаџерски способности и широките познанства кои го одликуваат Дејан Јовановски се дефицитарни кај Богдановиќ, тој е исплашен самиот да се соочи со него, па наместо тоа испраќа поттрчковци кои неосновано ќе го напаѓаат, а потоа тој Фејсбук статусите на советниците ги објавува на неговиот „портал“.

Ваквите мизерни потези само покажуваат за стравот во кој живеат кандидатите на СДС, во пресрет на локалните избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This