ВИСТИНАТА ЗА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ ПРОТИВ СРБИТЕ: НАТО менаџира и саботира докази што биле во корист на Србите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прикривањето и уништувањето на докази била редовна пракса на хашкиот трибунал со цел да се оневозможи одбраната на српските обвиненици да ги користи во постапките. И покрај тоа постојано излегуваат на виделина нови докази за вoeните злocторствa за кои се товарат Србите.

Единствените два докази во случајот „Маркале 1 и 2“ со кои одговорноста се префрла на Република Српска се уништени во депоата на Хашкиот трибунал. Бранителот на Ратко Младиќ, Бранко Лукиќ тврди дека стабилизаторите на држачите на пpoeктилите, за кои обвинителството тврди дека биле иcпукaни од српските позиции, се разлабавени и поради тоа не можат да да се искористат како докази.

И тоа се случува баш кога одбраната требало да ги искористи овие докази и да докаже дека пpoeктилите не се иcпукани од позициите на кои биле распоредена вojcката на Република Српска.

Врз основа на деформитетите настанати поради експлозијата на пpoeктилите може да се одреди правецот од кој се испалени. Но доколку стабилизаторот се расклопи со специјален алат, тоа станува невозможно.

Ова е втор пат во последните неколку дена да се појави обвинение за уништувањена докази до депоата на Хашкиот трибунал. Неодамна Дик Мартин, специјален известувач од Парламентарното собрание на Советот на Европа, во интервју за „Вечерни новости“ изрази вџашеност поради уништување на докази за случајот „Жолта куќа“.

„На тој начин обвинителството воспоставува контрола над текот на постапките. Доказите кои укажуваат на вмешаност на НАТО се уништуваат. Ако не го сторат тоа, тогаш свесно ги обвинуваат обвинетите за нешто за кое не се виновни. Затоа и не е чудно што Насер Ориќ и Рамуш Харадинај се ослободени“, објасни Лукиќ.

Прикривањето или уништувањето на докази кои би ги ослободиле Србите кои се обвинети пред Хашкиот трибунал е вообичаена пракса во Хаг, вели адвокатот Горан Петронијевиќ.

Должност на обвинителството е да ги изведе сите докази пред почетокот на доказната постапка за да може одбраната да ги искористи во своја полза, наведува тој.

„Само во случајот на доктор Караџиќ беа поднесени 177 приговори за прикривање на докази, од кои дури 173 беа прифатени, односно 173 пати во текот на судењето судот го опомени обвинителството за повреда на постапката и повреда на правилата за изведување на докази, кои биле должни да ги изведат на почетокот на постапката“, наведува Петронијевиќ.

Обвинителството редовно прикривало докази и ги обелоденувало само доколку доказите ги открие одбраната или доколку истече рокот за нивно изведувања и одбраната не може да ги искористи, додава Петронијевиќ.

„Доколку одбраната на Радован Караџиќ имаше прилика да употреби барем третина од прикриените докази,   ќе добиеше ослободителна пресуда“, констатира Петронијевиќ. „Од ова може да се донесе заклучок дека меѓу обвинителството и судот има заговор против Србите и како обвинети и како жртви.“

„Во постапките во кои обвинети беа Опиќ, Харадинај, па и хрватските генерали, прикривани беа докази кои беа во прилог на обвинението. На пример, Хрватска не го достави „Топнички дневник“ кој беше клучен доказ во докажување на вината во случаите „Олуја“ и намерата за вршење на геноцид.“

Доколку обвинителството навреме ги доставеше доказите до одбраната, тие немаше да бидат уништени. Она што е важно е на чија наредба се уништуваат доказите. Во случајот „Жолта куќа“ поранешниот главен обвинител во трибуналот Карла дел Понте, изјави дека знае кој е нарачателот, но бидејќи таа не е веќе дел од Хаг, тоа треба да го одговори главниот обвинител Серж Барамерц.

„Ова е најголемата грешка на судот, бидејќи ние никогаш не дознавме кои докази ги има судот, иако беа должни да ги достават сите, а посебно доказите кои би можеле да ги олсободат од вина обвинетите. Тогаш доказите не би биле уништени.“

„Тоа што ги нема клучните докази за случаите „Маркале 1 и 2“ може да има негативни последици при пресудата за Ратко Младиќ, бидејќи тие ќе го ослободеа од вината.„ заклучува Пертонијевиќ.

Сепак можеби не е сѐ така црно. Професорот на универзитетот во Чикаго Никола Морабчевиќ. при увидот во архивата на ОН дошол до заклучок дека постојат и скриени извештаи од злочините од последната војна во Југославија и БиХ, кои не се совпаѓаат со сликата што сака да ја прикаже американската дипломатија.

Пред неколку години балистичарите Зорица Суботиќ и Миле Попариќ, во соработка со колеги од неколку земји, покажале дека гpaнaтите што го погодила Маркале било невозможно да се испалени од позициите каде што била распоредена српска вjcка.

Меѓутоа, според историчарот Чедомир Антиќ, за да се промени мислењето дека Србите се единствените виновници за граѓанската вojна во бивша Југославија, мора да помине доста време.

„Веќе е јасно дека таа војна за САД и нејзините сојузници беше триумфална експериментална вojна за нов светски поредок, бидејќи ниту претходно, а и со ниту една подоцнежна вojна не постигнаа таков успех.“, смета Антиќ. „Тоа беше време кога во отсуство на интернетот, се она што некоја телевизија ќе го измонтираше и наметнеше се прифаќаше како апсолутна вистина.“

Судењата во Хашкиот трибунал го разобличија едностраниот пристап на западот во однос на југословенската граѓанска вojна. Судот уште од самиот почеток беше претставен како суд кој нема да суди во злocтopства против мирот и нема да суди политичари, освен Србите. Судиите беа пристрасни, нестручни, и се покажа дека многу од наметнатите наративи во кои сеуште веруваат националистите во Сараево, Загреб и Приштина не сe точни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This