ИСПЛУКАНА ЕКИПАТА НА МТВ НА МИТИНГОТ НА СДСМ: Екипте на МТВ под постојани закани, навреди и напади од членови на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Напоменуваме дека во неколку наврати, од почетокот на кампањата, екипите на МТВ, на митинзите организирани од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на кои нашите новинари и сниматели се изложени на вербални притисоци и недолични провокации, се оневозможени да ја извршуваат професионално својата работа, пишува во соопштението на МТВ.

mtv-mrt-mrtv-540x289

Во продолжение го пренесуваме текстот интегрално:

Македонската радио-телевизија ја информира јавноста дека на 24 ноември 2016 година, екипата на Информативната програма на МТВ1, која го следеше митингот на СДСМ во Тетово, беше исплукана и вербално нападната од припадници и симпатизери на СДСМ. Напоменуваме дека во неколку наврати, од почетокот на кампањата, екипите на МТВ, на митинзите организирани од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на кои нашите новинари и сниматели се изложени на вербални притисоци и недолични провокации, се оневозможени да ја извршуваат професионално својата работа. Ја информираме јавноста дека на митингот на истата партија во општина Аеродром беше исплукано и возилото на МТВ.

Бараме политичките партии, пред се, Социјалдемократскиот сојуз, да ги осудат ваквите недолични провокации на своите партиски припадници и да се извинат за сторените постапки на своите активисти, и да обезбедат нормални услови за професионално работење на новинарските екипи. Во период кога токму СДСМ се залага за професионализација на медиумскиот сектор, бараме од истата партија и од нејзините членови и симпатизери да се однесуваат коректно кон Јавниот сервис, пред се, кон репортерските екипи. Ја потсетуваме јавноста дека Информативната програма на МТВ1 во овој период е предводена од уредник предложен од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Бараме двете најголеми новинарски здруженија во Р Македонија, ЗНМ и МАН, како и меѓународните претставници, амбасадите, во Република Македонија да ги осудат ваквите недолични однесувања на партиските активисти и да се заложат кај политичките партии да овозможат нормално и коректно работење на новинарите и на снимателите. Ако ние, медиумите, бевме тие што беа обвинети во изминатиов период за „непрофесионално и неетичко работење”, и бевме потсетувани дека мораме да се придржуваме кон Кодексите и Прирачниците за професионално и етичко работење, следствено, бараме од политичките субјекти, во конкретниов случај, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, да апелира до своето партиско членство, во најмала рака, да се однесува цивилизирано и човечки спрема новинарските екипи. Искрено се надеваме дека ваквите провокации нема да продолжат во иднина.

Со почит,

Уреднички колегиум на МТВ1

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This