ИСПОВЕД: „Имам две дипломи и магистратура, а чистам тоалети“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бенџамин Бош, 25 годишен Шпанец кој работи во Лондон напишал на својот статус на Фејсбук, порака која е споделена и лајкувана толку пати, што медиумите ја нарекоа “гласот на изгубената генерација“.

“Моето име е Бенџамин, имам две дипломи и магистратура, а чистам тоалети. Тоа не е шега. Го работам тоа само за да платам соба во Лондон. Од јуни работам во ресторан и за прв пат денес ми стана јасно, после пет месеци работа – чистам тоалети. Помислив – ги заслужив своите дипломи и сега чистам туѓи го*на во земја која не е моја.

Не ми е срам за тоа што го работам. Чистењето е пристојна работа. Срам ми е што морам тоа да го работам, бидејќи никој не ми даде шанса во Шпанија. Да не се лажеме, ние не сме млади луѓе кои отишле во авантура или да го научат јазикот и доживеат нови искуства. Ние сме имигранти.

Секогаш бев горд на себе, тоа не го порекнувам. Тие кои ме познаваат, го знаат тоа. Но морам да му се насмевнам на муштеријата кој ме гледа преку рамена како да сум обичен бармен. Некои од нив се толку непристојни што сакам да ги извадам моите дипломи и да им ги плеснам во лице.

Но тоа очигледно би немало никаков ефект. Титулите денес служат за чистење го*на. Мислев дека тоа заслужува нешто повеќе бидејќи толку се трудев додека студирав. Очигледно, сум се лажел…“, напишал 26 годишниот шпанец во Лондон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This