April 16, 2024, 10:04 am

ИСПОЛНЕТА УШТЕ ЕДНА ТОЧКА ОД ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА: Секретаријатот за Рамковен ќе стане министерство МАКЕДОНИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секретаријатот за Рамковен договор по 11 години постоење заминува во историјата. Владата на негово место ќе формира ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Со него најверојатно ќе раководи потпретседателот Хазби Лика, ако биде избран од власта, објави „Алфа“.

Во Секретаријатот за Рамковен има околу 1.700 вработени, меѓу кои голем дел не одат на работа. Формирањето на министерството следи откако група пратеници од парламентарното мнозинство во Собранието предложија измени и дополнувања на Законот за организација и работа на државните органи и Законот за Владата.

Министерството за политички систем беше и дел од таканаречената Тиранска платформа. Дали Хазби Лика ќе застане на чело на министерството, дефинитивно ќе се знае по изборите, односно кога ќе почне примената на новото законско решение. Засега ни во ДУИ, ни владините партнери не разговарале кој ќе го предводи новото министерство.

Претходно, од 2004 до 2008, наместо Секретаријат ова тело беше Сектор. Формирањето на новото Министерство веќе е ставено на дневен ред на собраниската седница на 14 март, а на комисиска расправа можно е да се најде во среда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This