ИСПОЛНЕТО УШТЕ ЕДНО БАРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ: Се реконструира патот Средно Водно- село Нерези, инвестиција вредна 14 милиони денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Започна реконструкцијата на патот од Средно Водно до село Нерези во должина од 4,5 километри, за што ќе бидат инвестирани 14 милиони денари.

ko4

Почетокот на градежните работи денеска го означија министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорите на јавните претпријатија за патишта Александар Стојанов и Гајур Кадриу.

Според надлежните, ќе се изврши целосна реконструкција на овој патен правец.

ko6

– Започнавме со уште еден проект по барање на жителите од Скопје. Се работи за реконструкција на регионалниот пат од Средно Водно кој води до Нерези во должина од 4,5 километри. Со реконструкцијата ќе се постави целосно нов асфалт или планираме да вградиме околу 100 тони асфалт. Вредноста на инвестицијата е 14 милиони денари. Очекуваме патот да биде завршен во рок од триесетина дена, изјави министерот Мисајловски.

misajlovski

Тој додаде дека дополнително е зголемена програмата на „Македонија пат“ за нови 150 милиони денари за реконструкција на патните правци: Калишта – Струга, Градско – Росоман и Росоман – Дреново.

Според градоначалникот Трајановски, со проектот жителите на Скопје ќе добијат реконструиран пат, кој ќе ја зголеми безбедноста за сообраќај во овој дел од градот.

– Ние уште во 2009 година го реконструиравме овој пат, поставивме нова опрема. Сега со реконструкцијата дополнително ќе поставиме урбана опрема, изјави Трајановски.

vo8

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов изјави дека до крај на годината ќе заврши изградбата и реконструкцијата на сите патни правци во Скопје и Скопско и тоа кон Сончев град, од Сопиште до Говрлево како и на патниот правец што денеска отпочнува со реконструкција.

se4

Директорот на „Македонија пат“ Гајур Кадриу изјави дека сите патни правци што се започнати со програмата за работа на ова јавно претпријатие за еден до два месеца ќе бидат завршени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This