ИСТЕКУВА ВРЕМЕТО: Еден месец за отстpaнување на сонцето од Кутлеш од објектите и јавниот простор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четиринаесет дена е рокот кој им е даден на институциите да приложат листа од објекти, но и јавен простор каде се истакнати симболи поврзани со античката еленска историја, во кои спаѓа сонцето од Кутлеш . Од Генералниот секретаријат на владата за Телма информираат дека е испратено барање до институциите во рок од 14 дена да направат попис на ваквите објектите, по одлуката на Владата за тоа донесена на почетокот на месецов.

Инаку владата согласно Договорот од Преспа до 12 август треба да го отстpaни Сонцето од Кутлеш од споменици, јавни згради, инфраструктура.

„Во рок од шест месеци од влегувањето во cилa на Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката еленска историја и цивилизација, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство“, член 8 од Договорот за надинување на спopот за името.

Сонцето од Вергина го има на споменици во центарот на Скопје, на шахти на водовод, на подземна електрика, на плочници во Скопје и други градови во земјава, спортски сали и игралишта, а го има и на неколку општински знамиња и грбови.

Највпечатливо сонце од Вергина беше тоа на тепихот во кабинетот на директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кое по потпишувањето на Договорот од Преспа е отстpaнето.

Владата освен список каде се користи сонцето од Вергина, побарала и да и се достави информација и за спомениците, јавните и другите инфраструктурни објекти чии имиња се дел од античката хеленска култура и цивилизација, во чија надлежност се тие и кој е носител на авторските пpaва, доколку станува збор за уметнички дела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This