ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА КАНДИДАТСКИТЕ ЛИСТИ: До вечерва на полноќ партиите треба да ги достават листите за пратеници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На полноќ завршува рокот за доставување на кандидатски листи за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември. Политичките партии во јавноста ги објавуваат носителите и листите за шесте изборни единици, но засега ниту една од нив не доставила листи до Државната изборна комисија (ДИК)

glasanje-izbori-rts

 

Кандидатските листи треба да бидат разгледани и потврдени од членовите на ДИК во рок од 48 часа од моментот на доставувањето односно до недела на полноќ. Доколку се констатираат неправилности учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Жребувањето за редоследот на листите треба да се одржи на 20 ноември.

Истовремено на полноќ завршуваат и роковите за јавниот увид во Избирачкиот список, за пријавување на државјаните на Република Македонија за гласање во странство и за обновување на избирачкото право на лицата со спорни записи по последните теренски и административни проверки на Избирачкиот список.

Според пресекот на Државната изборна комисија, до вчера до 14 часот пријавени за гласање биле 16.720 македонски државјани кои живеат во странство од кои 14.156 се прифатени, одбиени 208, а во обработка се 2.356.

Во однос на 29.858 спорни записи по последните теренски и административни проверки на Избирачкиот список, за регулирање на избирачкото право аплицирале 1.043 граѓани. ДИК прифатила 1.005 апликации додека 38 се во обработка. До утре на полноќ е последниот рок овие лица да го регулираат своето избирачко право.

Избирачкиот список ДИК треба да го потпише на 27 ноември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This