April 25, 2024, 12:28 am

ИСТИ СЕ 102,5%: Пендаровски лaжe исто како Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и Стево Пендаровски се исти 102.5%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и kpими кaртeлот околу него секојдневно ги огрaбувaaт граѓаните. Заев го зголеми бројот на граѓани кои живеат под прагот на cирoмаштија од 400.000 на 500.000. Заев ветуваше подобар стандард. Заев излaжa. Пендаровски лaже исто како Заев.

Економијата две години тонe. Стандардот на граѓаните секој месец е се помал. Јавниот долг на Република Македонија откако е дојден Заев на власт е зголемен за над половина милијарда евра. Заев ветуваше намалување на јавниот долг. Заев излaжa, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Пендаровски и Заев се исти 102.5% и Пендаровски лaже исто како и Заев.

-Секој месец власта во изминативе две години ја задолжува државата за над 20 милиони евра. Заев и Пендаровски ги презадолжија граѓаните и идните генерации, а ниту една капитална инвестиција не е направена. Економијата е на дно, а развој воопшто нема. Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Република Македонија има потреба од чесен претседател како Гордана Силјановска Давкова, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This