ИСТОРИСКИ ГРАБЕЖ НА ГРАЃАНИТЕ:Стотици илјади граѓани плаќаат виртуелни долгови за комунални услуги стари десетици години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ако ова се реализира, а се надеваме на разбирање од страна на пратениците дека ова ќе се реализира подитно, луѓето би можеле да размислуваат за редовно плаќање кон овие доверители. Во секој случај ова е историски закон и се надевам дека пратениците ќе бидат кооперативни, ќе соработуваат со нас и еднаш за секогаш ќе го решиме овој проблем”, вели Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот”.
Тие не се согласуваат со законското решение што го предложија пратениците . Со тој закон се предвидува да се отпишат само каматите пред 2011 година.
„Ние бевме присутни на комисијата за финансирање и буџет на Република Македонија и укажавме дека не се согласуваме со тој закон, бидејќи овозможува тотален грабеж. Бараат да се плати нешто за кое ние апсолутно тврдиме дека не треба”, вели Марјан Ристески
Пратениците кои го предложија законот пак велат дека нивното решение е коректно. За дел од нив предлогот на здруженијата за целосен отпис на долговите може да се коси со Законот за облигации и да предизвика незадоволство кај граѓаните кои редовно ги плаќаат сметките, но и кај приватните фирми доверители.

Извор: 24вести

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This