Историски или не? Договорот од Преспа „изгубен во преводот“ по посетата на Мајк Помпео на Солун и Атина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во заедничко соопштение потпишана во понеделникот (28 септември) помеѓу САД и Грција, за време на посетата на Државниот секретар Мајк Помпео, испрати збунувачки пораки околу тоа дали Вашингтон и Атина го сметаат договорот за промена на името на Р.Македонија (Преспански договор) за историски или не.

Првичната изјава го прогласи договорот за „историски“. Англиската верзија на изјавата беше веднаш објавена на страницата на грчкото МНР, додека грчката верзија воопшто не е објавена.

Неколку часа подоцна пак, зборот „историски“ исчезна од заедничкото соопштение објавено на сајтовите на грчкото МНР и Амбасадата на САД во Атина.

Ниту една од страните досега нема понудено објаснување за овој пропуст, пренесува „Еуроактив“.

Помпео е во клучна посета на Солун и Хања на Крит, две места кои не се случајно избрани, пренесуваат грчките медиуми.

Посетата на Солун го потврдува интересот на Вашингтон во контекст на геополитичкиот натпревар со Русија за политичка и економска доминација на Балканскиот регион.

Руските олигарски беа доста влијателни на северот на Грција, а грчките медиуми пренесуваат и дека имало и обиди да се блокира договорот за промена на името на Р.Македонија во последните неколку години.

Фото:
EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This