ИСТОРИСКО ФИНАЛЕ ЗА ТОРОНТО РАПТОРС: За прв пат во историјата кандски претставник во НБА финалето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кајл Лоури ја украде топката и тргна во конра напад, а потоа сочека, Кавахи Леонард да пристигне во рекетот и му ја подаде топаката, а Ол-Стар играчот се издигна над Џанис Антетоунмпо и успеа да ја забие топката во обрачот.

“Арената експлодираше после тоа забивање”, рече Леонард. Тоа се случи. Сега замислете како ќе звучи кога НБА финалето ќе дојде во Торонто за прв пат следната недела.

Кавахи Леонард постигна 27 поени и 17 скокови за да ги предводи Рапторс во финалето за прв пат со победа од 100:94 над Милвоки Бакс во саботата вечер. Неговото забивање на 6:46 секунди до крајот на натпреварот  беше последниот поен во серијата (26-3) со која успеаа да дојдат до пресврт и победа.

Рапторс го совлада дефицитот од 15 поени за да ја освои титулата на Источната дивизија и ќе биде домаќин на Голден Стејт Вориорс во приот натпревар на НБА финалето во четврток навечер.

Тоа ќе биде меч помеѓу двократните последователни шампиони против тимот на Рапторс кој конечно ги однесе финалињата на НБА надвор од САД по влегувањето во лигата во 1995 година.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This