Историско фото: Македонците на Сремскиот фpoнт имале и свој фудбалски тим кој играл натпревари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За фудбалот често се зборува како за најважната споредна работа на светот. Популарноста на овој спорт ја потврдуваат мноштво примери кои сведочат дека дури ни во најтешките временски услови и околности, фудбалската топка не престанувала да се тркала. Еден таков случај датира уште од Првата светска војна, во 1914г., кога за време на божиќното примирје англиските и германските војници стационирани на западниот фронт самоиницијативно излегле од рововите и одиграле фудбалски натпревар меѓу себе, објави на својата Фејсбук страна Музејот на Македонија.

Или, т.н. „натпревар на смртта“, одигран во август 1942г. меѓу еден украински фудбалски клуб и тим составен од германските војници во окупираниот Киев. Интересно е тоа што, во текот на Втората светска војна, во голем број земји се одигрувале редовни фудбалски натпревари и првенства. Таков е случајот и со Македонија, под бугарска окупаторска власт.

Во тие тешки времиња, освен на официјално ниво, фудбалот се играл и рекреативно, дури и на самите воени фронтови. За тоа сведочат фотографиите, преземени од нашата актуелна изложба „На Срем“, посветена на учеството на борците од Македонија на Сремскиот фронт и во завршните операции за победа над фашизмот. На нив се наоѓаат борци, фотографирани во фудбалски униформи.

И покрај целата жестокост на борбите кои се воделе на фронтот, проследени со голем број загинати и ранети, борците наоѓале малку време и за одмор и релаксација. Ова слободно време, тие, најчесто, го користеле за меѓусебно дружење, за контакт со локалното население, а се организирале и голем број политичко-пропагандни и културно-просветни активности. Последниве, очигледно, вклучувале и одигрување на фудбалски натпревари. Така, од фотографиите, може да се заклучи дека 42-та македонска ударна дивизија, на Сремскиот фронт, имала и свој фудбалски тим кој играл натпревари. Првата фотографија е датирана од март 1945 година, во Земун, во време кога се одвивале последните подготовки за фронтот. Втор пат, фудбалскиот тим на дивизијата е фотографиран во мај 1945, во Бихаќ, Босна, во текот на завршните операции за чистење на теренот од непријателските елементи.

Ова, уште еднаш, ја потврдува моќта на фудбалот и длабоката приврзаноста на луѓето кон оваа игра, стои во објавата на Музејот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This