ИСТОРИЈАТА ЌЕ НИ ЈА МЕУВААТ И ГРЦИТЕ: Се чека на новите членови за комисијата за историја со Грција да продолжи да работи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Работата на Мешовитата македонско-грчка комисијата за историски прашања е запрена. Се чека грчката страна да назначи нови членови во Комисијата за нејзината работа да продолжи, откако по смената на власта во Атина неколку нејзини члена беа разрешени.

Ние сме во постојано заседание на македонскиот дел, очекуваме да се формира грчкот дел на комисијата. Беше најавено дека ќе има промени во нивниот состав. Се надеваме дека тоа брзо ќе се случи. Контактите се редовни, но не се официјални и не можат да доведат до одредени заклучоци кои ние треба да ги трансформираме во препораки до владата за да дојде до финализација на нашиот труд,

изјави Виктор Габер, претседател на македонскиот дел од Комисијата.
Габер не смета дека претстојните предвремни избори и техничка влада во земјава ќе ја попречат работата на Комисијата од македонска страна.

Затоа што имаме договор потпишан меѓу двете земји, ратификуван во двата парламента и претставен пред Обединетите нации. Тоа значи дека која било Влада да дојде и во двете земји, мора да го примени тој договор затоа што е сериозен меѓународен субјект,

рече Габер.
Габер не очекува застој во работата на Комисијата и се надева дека на нејзините идни состаноци да бидат постигнатати заклучоци кои ќе можат потоа да се имплементираат во образовните системи во двете земји.

Комисијата пред изборите во јули во Грција одржа четири состаноци на кои беа разгледани учебниците по историја, географија, социологија и етика за основно и средно образование во двете земји, по што секоја од страните дала забелешки за неприфатлива содржината за неа. Македонската страна на грчката и достави 20 страници забелешки.

По преземањето на власта во Грција Нова демократија разреши и два члена во Комисијата за трговски марки, но таму веднаш беа назнаечни нови, за разлика од Комисијата за историските прашања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This