ИСТО E, АМА НЕ Е ИСТО: Македонија и Свазиленд го променија името, но Свазиленд подобро се справува со корупцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исто е, ама не е исто. Кога една држава е лоцирана среде Европа, ,,среде цивилизираниот свет”, а лесно може да се спореди со некоја држава од афричкиот континент тоа обично и не е некој добар показател. Па така нашата македониичка по ново Северна дојде време да биде споредувана со држава среде Африка, Свазиленд. Имено неодамна по желба на Кралот Мсвати III и по негова директна наредба сега  Свазиеленд се вика Кралство на еСватини. Така и во Македонија спротивно на желбата на граѓаните, а по желба на Кралот Муртински Зоран Заев, Македонија го промени своето име во Република Северна Македонија.

Ваквата одлука кралот ја објави на стадион по повод 50-годишнината од независноста на државата и неговиот роденден, а Заев на прес конференција во Владата. Новиот назив еСватини значи „земја на Свазите“. Промената на името на државата е неочекувана, но кралот ова име го користи во јавноста веќе подолго време, особено кога се обраќа пред Генералното собрание на Обединетите нации. Светските агенции пишуваат дека Швајцарија сега може да биде мирна, бидејќи често се случувало во интернет-комуникацијата да се мешаат имињата на овие две земји. Па така и Грција може да биде мирна бидејќи Заев прифати дека ние не сме Македонци туку Славомакедонци…

Сепак Кралот на Свазиленд во едно нешто е подобар од Заев, тој подобро се справува со корупцијата во неговата земја. За многумина Македонци не беше зачудувачка веста дека  Африканското племе на Свазиленд подобро се справува со корупцијата отколку Северна. Па така според индексот на Транспаренси интернешнл Македонија е на 93 место, а Свазиленд е на 89 место, односно за 4 позиции подобро рангирана од нашата држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This