ИСТРАЖИТЕЛИТЕ НА СЈО СО ПИШТОЛ ВО ЧЕЛО БАРАЛЕ ЛАЖНИ ИЗЈАВИ: Началникот на „Алфите“ по наредба на СЈО и Спасовски изнудувал лажни искази за СЈО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со пиштол во чело, со понуда за финансиска помош или бркање од работа, закани од видот на „ќе ти ги скршам рацете“ и преместување на пониски работни места, СЈО и Оливер Спасовски обезбедувале лажни изјави од т.н. „заштитени сведоци“, за да го оправдаат своето постоење во недостаток на доволен број на материјални докази против раководството на ВМРО-ДПМНЕ против кое СДС со помош на СЈО води политичка хајка

 

До нашата редакција пристигна копија од наредбата со која обвинителката Зорица Павловиќ при ОЈО од Скопје ја прекинува истражната постапка против началникот на единицата „Алфи“ Примислав Димовски, која се водела против него поради кривичното дело – Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнуваче од чл.142 ст.1 од Кривичниот закон, и за кривичното дело – Малтретирање во вршење на службата од чл. 143 од КЗ.

Имено, во текот на 2016. година кога Димовски беше поставен на чело на единицата „Алфи“, од тогаш техничкиот министер Оливер Спасовски, истиот бил ангажиран и како истражител на СЈО задолжен за обезбедување на сведоци и изјави од истите.

По наредба на СЈО и Оливер Спасовски,  Примислав Димовски со цел да обезбеди лажна изјава од вработен во единциата „Алфи“ против лице осомничено во предмет на СЈО, началникот на „Алфите“ употребил закани и физичка сила, па дури и службеното оружје. До ваквиот расплет на ситуацијата дошло бидејќи лицето кое било предмет на тортура не било кооперативно со Специјалнот јавно обвинителство, односно, одбивало да даде лажна изјава, поточно изјава која претходно ќе му ја напишат, а тој само треба да ја потпише.

Како што може да се види од образложението на наредбата за запирање на истражната постапка, оштетеното лице било подложно на силни притисоци, закани и уцени. Кога од СЈО увиделе дека на тој начин нема да можат да добијат лажен исказ од лицето, Димовски го упатил истото да ја земе поканата која се наоѓала на неговото работно место и да се упати во СЈО.
Таму, оштетениот добил и понуда за финансиска помош ако соработува и даде лажен исказ.

Но, ситуацијата да биде посериозна, кадарот на Оливер Спасовски не само што вршел притисоци и закани врз заштитени сведоци на СЈО, туку се заканувал и малтретирал и други вработени кои немале никаква врска со предметот на СЈО.
Од документот може да се забележи дека Примислав Димовски упатувал и закани до вработени, велејќи дека ќе им ги „скрши прстите“. За ваквите закани постојат и десетици сведоци.

 

Ова отвара нова димензија во незаконското работење на СЈО, и сомнеж дека можеби навистина е виновно за самоубиството на Коста Крпач, кој бил изложен на сериозни закани и притосоци од истражителите на СЈО со цел да даде лажна изјава во корист на истрагата.
Тогаш медиумите блиски до СДС се обидуваа да ја манипулираат јавноста дека Крпач бил психички нестабилен, декласирајќи ги информациите дека во неговиот стан неколкупати влетувале екипи на „Алфи“ предводени од Примислав Димовски, кои се заканувале со оружје, го претресувале станот, а упатувале закани и до членови на семејството на Крпач.

Дополнително загрижува и фактот за притисоците кои ги трпат и обвинителите во Јавното обвинителство од страна на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со цел запирање на истрагите и повлекување на обвинителните акти против лица блиски до СДС.

Дека постои притисок во работата на обвинителството може да се заклучи и од образложението на овој акт, во случајот со Примислав Димовски, во кој наспроти суштинската повреда на законот, доказите и исказите на десетина сведоци дека истиот навистина се заканувал и изндувал лажна изјава од оштетенитот, обвинителката Павловиќ се одлучува истрагата да ја затвори поради банална причина. Не се гонело по службена должност.

 

 

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This