ИСТРАЖИТЕЛ НА СЈО НУДЕЛ 100.000 ЕВРА НА СВЕДОЦИ: Началник во УБК како истражител на СЈО нудел 100.000 евра поткуп на сведок за лажна изјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Началникот на единицата за техничка поддршка во УБК, Насер Селмановиќ, е првиот обвинет за „Незаконито влијание врз сведоци“, дело, кое наводно, го сторил во корист на Специјалното јавно обвинителство.

Началникот во Петтата управа на МВР е обвинет дека нудел поткуп на едно лице, а со цел да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде невистинит исказ во корист на Специјалното јавно обвинителство, во случајот кој се води против градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко.

Како што стои во обвинението, кое судот сеуште одбива да го процесуира, Селмановиќ како истражител на СЈО нудел 100.000 евра и унапредување на работното место во Министерството за правда каде што лицето работело во Матичната служба, а за возврат од лицето се барало да даде невистинит исказ во корист на Специјалното обвинителство.

Против ова лице до денес не се превземени никакви дисциплински мерки од страна на МВР, а извори во полицијата брифираат дека напротив, истото е унапредено и ужива привилегиран статус во службата благодарение на неговата позиција како истражител за СЈО.

Наместо спроведување на законот, и итно постапување по ваквиот скандалозен настан со кој се руши вистинитоста на сите постапки на СЈО, бидејќи се става под знак прашалник и вистинитоста на изјавите на сведоците кои примиле или биле понудени со поткуп, судот секојдневно се занимава со дневнополитички теми кои се од корист на актуелната власт, а во насока на прикривање на штетните политики и дефокусирање на јавноста.

Засега, Републичкото јавно обвинителство нема побарано одговорност ниту од првиот човек на СЈО Катица Јанева, која е директно одговорна за однесувањето и работата на нејзините подредени, во случајов истражителот од 5-та управа на МВР Селмановиќ.

Судството во Македонија полека но сигурно се претвара во политичка инквизиција, особено откако и првиот човек на „Алфите“ поставен од Оливер Спасовски се „спаси“ од обвинението против него, откако новиот републички јавен обвинител го повлече обвинението против него за незаконско влијание на сведоци.

Имено, командантот на единицата минатата година се заканувал на лица од единицата со бркање од работа, но и се заканувал по нивниот живот и здравје доколку не се појават пред СЈО и не дадат невистинита изјава, односно изјава која е во корист на СЈО. Сегашниот командант на единицата исто така е истражител на СЈО.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This