Истражување: Дoдeкa Цapoвска нacилнo ги oтфpлa yчeбницитe, cвeтcкитe иcтpaжyвaњa ja дeмaнтиpaaт – oвa ce нeгaтивнитe влиjaниja нa дигитaлизaциjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската јавност беше згрозена кога само пред неколку дена, министерката за образование Мила Царовска во скандалозна изјава за медиуми кажа дека секој родител кој што му дава печатен учебник на своето дете му прави штета. Таа исто така посочи дека ќе ги пријавува книжарниците кои што печатат учебници, а како причина за ова наведува дека требало да се подигне дигиталното описменување на учениците на повисо ниво.

Царовска: Секој родител што му наметнува печатен учебник на ученикот му прави штета!

Дали министерката Царовска некогаш истражувала, видела, прочитала, се интересирала ли за штетните и негативните последици кои ТРАЈНО остануваат кај децата при постојано користење на било каков електронски уред ? Очигледно дека НЕ! Наместо како прв човек во МОН да ги поддржува книгите и книжевноста, како и да ја проширува таа култура, министерката се повеќе го потиснува нормалното и ги турка младите генерации во „дигителниот свет“. И да, технологијата е напредна, секако дека треба да се оди напред, многу држави почнуваат со употреба на дигитални уреди во образованието, НО КАКО ПОМОШНИ УРЕДИ, се комбинираат двата концепти, а секако се дава предност на учебникот.

Најважно – не се употребува концепт со дигитални уреди на учениците од најмала возраст. Таков случај е во Соединетите Американски Држави, кои се нормално 1000 светлосни години пред нас. Целосното потопување во дигиталниот свет, недостаток на комуникација во живо и физичка активност може скапо да го чини детето во иднина. Со други зборови, сè е добро во умерени количини. Зошто не излезе таа како некој што е на чело на државна установа и да ги посочи и негативните влијанија или во најмала рака да даде препораки за заштита, како најбезбедно да се користат сите тие електронски уреди. Не, Царовска одбра да оди во спротивност со светот, од корен да ја исфрли вредноста на книгите. А да не зборуваме за тоа колку е голем процентот на семејства во Македонија кои немаат основни услови за живот, а не па за електронски уреди и интернет конекција….

КУРИР истражува:

Долготрајната изложеност пред некој електронски уред може да доведе до главоболки, мигрена, намален имунитет, депресија, хормонална нерамнотежа и нарушувања на спиењето. Работата на компјутер го зголемува ризикот од развој на Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, рак и дисфункција на репродуктивниот систем. Важно – таквото влијание е особено опасно за растечкиот и во развојниот организам – децата и бремените жени се изложени на ризик.

Колку е опасен домашниот компјутер?

Домашен компјутер, лаптоп или паметен телефон е извор на штетно зрачење. Колку зрачење добивате од компјутер зависи од различни фактори: тип на уред, време на употреба, локација. Поради брзиот раст и развој на нервниот систем во детството, зрачењето има поизразен негативен ефект. Научниците веруваат дека продолжената изложеност пред екраните предизвикува намалување на имунитетот, нарушен нервен развој и нарушување на дефицитот на вниманието.

Главните неповолни фактори при работа со компјутерски дисплеј се:
– треперење (бранување) на осветленост на сликата; зголемено ниво на осветленост на сликата; лоши услови на амбиентално осветлување; слаб квалитет на сликата (јасност, контраст, фокусирање, нерамна осветленост, итн.); ултравиолетово зрачење; електромагнетно зрачење; слаба ергономија и лош дизајн на мониторот (сјаен екран, светли детали или индикатори на предниот панел, слабо прилагодување на положбата на екранот, итн.).

Скоро сите видови модерни монитори испуштаат одредена количина на ултравиолетово зрачење. Продолжената изложеност на ултравиолетово зрачење кога работите зад компјутерски монитор негативно влијае на човековиот вид. Ова е сериозен проблем.

Најновата студија објавена во „The Lancet Digital Health“ предупредува дека предолгото гледање во мобилен телефон или компјутерски екран може да го зголеми ризикот од кратковидост кај децата до 80%. Над 3.000 испитувања кои се поврзани со изложеноста на паметните уреди и кратковидоста кај децата и младите на возраст од три месеци до 33 години беа спроведени од страна на Универзитетот Anglia Ruskin во Кембриџ, Англија.

ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ !!!!!

Научниците откриле тесна врска меѓу времето поминато во гледање телефон или таблет и поголем ризик за развој на кратковидоста кај овие возрасни групи. Загрижува фактот дека паметните телефони го зголемуваат ризикот за 30%, а употребата на компјутер го зголемува ризикот до дури 80%.

Научниците и истражувачите искажуваат страв и грижа дека можеби ова ќе значи дека до 2050 година, половина свет може да има проблеми со кратковидоста или пак било какви проблеми со видот. Светската здравствена организација во 2019 година препорача децата под две години да не поминуваат воопшто време пред монитор или екран, а децата од две до пет години да не поминуваат повеќе од еден час. Студијата на CensusWide истата година спроведена на 2.000 семејства во Британија покажала дека децата поминуваат 23 часа неделно гледајќи во екраните. Според бројни студии, оваа бројка се зголемила значително за време на пандемијата со коронавирусот.

– Нашата студија е најсеопфатна досега за ова прашање и ја покажува потенцијалната врска помеѓу времето поминато пред екранот и кратковидоста кај младите луѓе. Јасно е дека итно се потребни дополнителни истражувања за понатамошното разбирање на тоа како изложеноста на дигиталните уреди може да влијае на нашите очи и вид. Исто така, знаеме дека луѓето редовно не го доживуваат реалното време што го поминуваат пред екранот, затоа идните студии треба да користат објективни мерки за собирање на овие информации, истакна Руперт Борн, професор по офталмологија и коавтор на споменатата студија.

Научници од Данска биле вознемирени од фактот дека при проучувањето на влијанието на електронските уреди врз развојот на детето, се покажало дека 12% од децата на возраст од 5-7 години поминуваат најголем дел од своето слободно време во онлајн светот, и не во друштво на нивните врсници. Научниците забележаа уште една точка – неколку деца, толку одвоени од процесите на реалниот живот што се обидоа да ги „зголемат“сликите нацртани на хартија со прстите, не разбирајќи зошто ништо не излезе од тоа. Тие за одвлекување на децата од електронските уреди препорачуваат ЧИТАЊЕ КНИГИ, КОМУНИКАЦИЈА ВО ЖИВО И ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ.

Во Кина, било спроведено истражување на 120.000 деца на возраст од шест до 13 години кое покажало дека има драстично зголемување на дијагностицираните случаи на кратковидост, а кај деца на возраст меѓу шест и осум години имало дури три пати повеќе случаи отколку претходната година. Во таа возрасна група, како што е наведено, видот се влошува просечно за – 0,3 диоптрија. Прекумерната употреба на електронски уреди, според научниците, не предизвикува само кратковидост – можат да доведат и до заматен вид, а употребата на мобилен телефон навечер може да предизвика и несоница.

– Големиот процент на сина светлина на екраните спречува лачење на хормонот мелатонин, што го прави лицето поспано, вели професорката Никол Етер, директор на очната клиника на Универзитетската поликлиника во Мунстер, која советува да се избегнуваат овие уреди најмалку два часови пред спиење.

Во своето предавање на „Викенд медија фестивал“, познатиот германски невролог, психијатар и психолог Манфред Шпицер се осврна на долгорочните последици врз когнитивниот развој на децата. Истражувањата покажуваат дека децата што поминуваат повеќе време гледајќи во екранот стануваат помалку бистри со текот на времето. Тој заклучува: детето што многу гледа во екран на 3 години ќе биде помалку бистро на 5 години. Затоа, не е изненадувачки што не постои премногу позитивно мислење за дигитализацијата на наставната програма, односно поставување компјутери/таблети во секое одделение. Тој верува дека таквите уреди го назадуваат процесот на учење и како доказ наведува неколку студии кои покажале дека одделенијата без никакви алатки подобро ги решавале своите задачи. Всушност, според тестирањето на ПИСА, се покажа дека најдобро функционираат „посиромашните“ земји кои не вовеле компјутери и таблети во училиштата.

И додека ширум низ светот се водат кампањи за да ги натераат децата да читаат повеќе книги, кампањи за одвлекување на децата од електронските уреди како и кампањи за тоа колку компјутерите, таблетите, телефоните и другите такви уреди се ШТЕТНИ ЗА ДЕТСКИОТ РАЗВОЈ, во наша Македонија се водат „кампањи“ со закани и палење на секоја книга и учебник. Остана ли еден нормален од оваа Влада ?! Очигледно Мила Царовска „мува не ја лази“ за тоа што цела македонска нација не ја сака, ја „плукаат“ од сите страни, се потпишува петиција за нејзина оставка…

Извор: kurir.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This