Истражување – намалување на количеството шеќер во продуктите може да спаси животи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јаглехидратите претставуваат нераздвоив дел од нашата исхрана. Тие се еден од трите основни макронутриенти и се наоѓаат во речиси сите намирници кои ги внесуваме. Тие го снабдуваат телото со потребната енергија (прости јаглехидрати – шеќери и сложени јаглехидрати – скроб), но и ја подобруваат и помагаат дигестијата (растителни влакна).

Кон зборот „јаглехидрати“ понекогаш луѓето имаат различен и дури внимателен пристап, бидејќи храната која ги содржи се смета дека дебелее и дека треба да се избегнува доколку сакаме да ослабеме. Во тоа има и доза на вистина, но сепак треба да потенцираме за какви јаглехидрати станува збор.

Проблемот лежи во простите јаглехидрати, односно во слујачов – шеќерот. Белиот, рафиниран шеќер – сахароза, е исклучително проблематична намирница бидејќи е додадена во голем број процесирани намирници и истиот значително допринесува кон зголемена телесна тежина. Токму поради овој проблем, во продолжение издвојуваме едно истражување од Харвард, кое ја укажува штетноста и проблемите кои ги предизвикува белиот шеќер.

Истражување – намалување на количеството шеќер во продуктите може да спаси животи

Група на научници од САД, меѓу кои и научници од Харвард, креирале модел кој ќе ги покаже здравствените и економските бенефити доколку се намали количеството на шеќер во одредени прехранбени продукти. Научниците преку ваквиот модел сакаат да постигнат конзенсус за потребите на национална, па и глобална реструктура на полисите и прописите за употребата на шеќерот. Тие сметаат дека намалување на количеството на шеќер кое е присутно во комерцијалните намирници ќе има најголем здравствен бенефит по здравјето на популацијата, далеку поголемо од било кој друг чекор или иницијатива за намалување на внесот на шеќер.

Тие предложуваат да се намали количеството на додаден шеќер во пакуваните намирници за 20%, а количеството шеќер во различните пијалоци да биде помало за 40%. Ваквото намалување се смета дека може да спречи 2,48 милиони случаи на кардиоваскуларни заболувања (мозочен удар, инфаркт, срцева слабост) годишно. Тоа би спречило и би спасило 490,000 човечки животи кои секоја година се губат како резултат на некое кардиоваскуларно заболување. Дополнително, се проценува дека ќе се избегнат и 750,000 нови случаи на дијабет.

Покрај човечкото здравје и животи, се смета дека би дошло и до огромни заштеди во здравството и до подобра економија на државата. Некои проценки се дека во САД, ваквите заштеди би биле дури и до 160 милијарди долари.

Зошто е важно да се регулира и намали внесот на шеќер?

Вакви напори за намалување на внесот на шеќер кај населението, веќе постојат во држави како Обединетото Кралство, Норвешка и Сингапур. Шеќерот се смета за една од состојките која е најочигледно дека треба да се контролира и намали во комерцијалните намирници и храна. Ваквите кампањи и модели за намалување на количините на шеќер би допринеле кон значителни здравствени подобрувања кај населението во претстојните декади.

Инаку, под поимот шеќер мислиме на простите шеќери, односно во случајов, белиот шеќер. Тој не е штетен доколку е внесуван во умерени количини, но проблемот се јавува, бидејќи тој често е прекумерно додаден во комерцијалните намирници.

Постојат бројни студии кои го поврзуваат шеќерот со покачена телесна тежина, дијабет тип 2 и кардиоваскуларни заболувања. Ова се всушност и состојбите кои се заслужни за најголем број смртни случаи ширум светот, а особено во САД.

Секако, останатите типови на јаглехидрати, како растителните влакна и комплексните јаглехидрати како скробот, се пожелни и препорпачливи. За разлика од белиот, рафиниран шеќер, сложените јаглехидрати не се искористуваат и дигестираат толку брзо во телото, па тие не допринесуваат кон нагли т.н „пикови“, односно покачувања на инсулин и енергија во телото.

Поради бавната дигестија, тие континуирано и стабилно нè снабдуваат со енергија, а и не предизвикуваат нагло лачење на хормонот инсулин. Нагло создавање и лачење на инсулинот може со текот на времето да резултира со инсулинска резистентност, односно не соодветна функција на ваквиот хормон, а тоа пак доведува до појава на дијабет.

Растителните влакна пак, не подлежуваат на дигестија во телото, односно се недигестибилни, па со тоа и не даваат калории, односно енергија на телото. Тие се исклучително важни и корисни за правилната дигестија и може да помогнат за состојби како констипација. Некои истражувања ги поврзуваат растителните влакна и со намален холестерол и намален ризик од појава на дијабет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This