Истражување од Лондон: Честички од загадениот воздух завршуваат во плацентата на мајките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Научниците го пронашле првиот доказ дека честичките од загадениот воздух патуваат низ белите дробови на бремените жени и се сместуваат во плацентата, пренесува Факултети.мк. Токсичниот воздух веќе е силно поврзан со штетата кај фетусите, но како е направена штетата, не се знае. Ново истражување што ги вклучило мајките во Лондон открило ситни честички во плацентата на секое бебе. Истражувачите велат дека е можно честичките да влезат во фетусите.

– Ова е загрижувачки проб лем – постои масовна поврзаност меѓу загадувањето на воздухот што мајката го вдишува и фетусите. Затоа, идните мајки се советуваат да патуваат низ помалку загадени места – вели д-р Лиса Мијашита.

Серија претходни истражувања покажаа дека загадувањето на воздухот значително го зголемува ризикот од предвремено раѓање и ниска родилна тежина, што доведува до доживотно оштетување на здравјето. Големо истражување што опфатило повеќе од 500.000 породувања во Лондон ја потврди врската и ги наведе докторите да кажат дека импликациите за многу милиони жени во загадените градови низ светот се нешто што се приближува до јавна здравствена катастрофа.

Научниците сè повеќе откриваат дека загадувањето на воздухот резултира со здравствени проблеми кои не се поврзани само со белите дробови. Во август истражувањата откриле дека загадувањето на воздухот предизвикува огромно намалување на интелигенцијата, додека во 2016 година биле откриени токсични наночестички од загаденоста на воздухот кај мозокот на човекот.

Новото истражување ги испитало плацентите на пет бремени жени кои не пушеле и кои родиле здрави бебиња. Истражувачите изолирале макрофажни клетки, дел од имунолошкиот систем на телето, кои ги зафаќаат штетните честички, како бактериите и загадувањето на воздухот.

Користејќи оптички микроскоп, тие откриле 72 темни честички меѓу 3.500 клетки, а потоа користеле моќен електронски микроскоп за да ја испитаат формата на некои од честичките. Изгледале многу слично како честичките пронајдени во микрофагите во белите дробови.

– Многу е јасно дека станува збор за црни честички-саѓи – вели д-р Мијашита. Претходните истражувања покажаа дека честичките што ги вдишуваат бремените жени минуваат низ крвотокот и влегуваат во плацентата.

– Не знаеме дали честичките што ги пронајдовме може да се пренесат и во фетусот, но нашите докази сугерираат дека е можно. Исто така, знаеме дека на честичките не им е потребно да навлезат во телото на бебето за да имаат негативен ефект бидејќи ако имаат ефект врз плацентата, ќе имаат директно влијание врз фетусот – додаде д-р Мијашита.

– Овие истражувања покажуваат дека децата имаат полоши животни шанси кога станува збор за нивното образование и нивните работни места – вели д-р Кристијан Шилерт од Универзитетска болница „Каролинска“ во Шведска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This